15 Јуни, 2025
0.0308

Митко Јанчев огорчен од стечајот на Фени: Менаџери повлекувале плати од 9.000 евра додека немало производство

Објавено во: Економија 14 Ноември, 2024 18:13

Добивај вести на Viber

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, е огорчен од начинот на кој Еуроникел, односно поранешно Фени, го минува процесот на стечај пред да замине во рацете на новите газди - групацијата Јилдирим.

Новиот сопственик на некогашниот гигант за производство на фероникел утре ќе се сретна со премиерот Христијан Мицкоски, а Јанчев, во рамките на 49. седница на Совет на општината, рече дека се очекува на средбата да се разговара за почеток на работата на печката за топење никел во комбинатот.

Јанчев најави и исплата на заостанатите плати за вработените во рамките на стечајот, што беше отворен пред продажбата на Фени. На средбата се очекува да се разговара и за можноста за обештетување на транспортерите на руда, кои побаруваат пари за транспортот од пред стечајната постапка. Градоначалникот на Кавадарци информираше и дека новиот инвеститор досега вложил околу 45 милиони евра во комбинатот за фероникел.

Градоначалникот се прашуваше зошто немало финансиска контрола, а имало сомнеж за скриена добивка. Тој јавно ги повика институциите да го испитаат случајот, да се направи контрола како дошло до стечајот и да се види кој го земал „кајмакот“.

„Замислете, до самиот стечај на Фени, до денот на отворање на стечај, сам на себе да си поминуваш плата по девет илјади евра. Притоа, немајќи производство девет месеци“, рече Јанчев, мислејќи на менаџерите на комбинатот кои имале склучено менаџерски договори.

Јанчев се осврна и на тоа какви договори своевремено потпишале транспортерите за транспорт на руда и ја појасни неповолноста во тие договори, додавајќи дека некој профитирал од тоа. Пред стечајот, во поранешниот гигант Фени беа вработени околу 800 луѓе.


Можеби ќе ве интересира

НЕ БАРААТ СИРОМАШНИ: „Златната виза“ на Трамп е пат до државјанство за 5 милиони долари

НЕ БАРААТ СИРОМАШНИ: „Златната виза“ на Трамп е пат до државјанство за 5 милиони долари

НА НАЈНИСКО НИВО ЗА ТРИ ГОДИНИ: Зошто „тоне“ вредноста на доларот?

НА НАЈНИСКО НИВО ЗА ТРИ ГОДИНИ: Зошто „тоне“ вредноста на доларот?

ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ ПРEСЕЧЕ: Нема повеќе стимулации за вработување имигранти

ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ ПРEСЕЧЕ: Нема повеќе стимулации за вработување имигранти

МОДНА ПОЛИЦИЈА, ЗАБРАНА ЗА СЕЛФИ, СКОКАЊЕ ОД КАРПИ ВО МОРЕ, ПУШЕЊЕ НА ПЛАЖА: Стотици, па и илјадници евра казни во популарните туристичките центри низ Европа

МОДНА ПОЛИЦИЈА, ЗАБРАНА ЗА СЕЛФИ, СКОКАЊЕ ОД КАРПИ ВО МОРЕ, ПУШЕЊЕ НА ПЛАЖА: Стотици, па и илјадници евра казни во популарните туристичките центри низ Европа

УБЕР СО АВТОНОМНИ ВОЗИЛА ВО ЛОНДОН ОД СЛЕДНАТА ПРОЛЕТ: Новата технологија ќе создаде дополнителни 38.000 работни

УБЕР СО АВТОНОМНИ ВОЗИЛА ВО ЛОНДОН ОД СЛЕДНАТА ПРОЛЕТ: Новата технологија ќе создаде дополнителни 38.000 работни

КЛИЕНТИ НА ДВЕ ГОЛЕМИ БАНКИ ВО ГЕРМАНИЈА СЕ ЦЕЛ НА ИЗМАМНИЦИ: Постојат неколку начини како да се заштитат

КЛИЕНТИ НА ДВЕ ГОЛЕМИ БАНКИ ВО ГЕРМАНИЈА СЕ ЦЕЛ НА ИЗМАМНИЦИ: Постојат неколку начини како да се заштитат

Трамп пријави повеќе од 600 милиони долари приход од криптовалути и голф клубови

Трамп пријави повеќе од 600 милиони долари приход од криптовалути и голф клубови

Русинка откри колку троши нејзиното четиричлено семејство во Белград

Русинка откри колку троши нејзиното четиричлено семејство во Белград

Израелските напади врз Иран ги вивнаа цените на златото

Израелските напади врз Иран ги вивнаа цените на златото