Без нова налепница – нема бесплатно паркирање во Центар
Објавено во: Мои пари 17 Јули, 2013
Ако сакаат бесплатно паркирање, жителите на населбата Капиштец и корисниците на услугите ЈП Паркинзи на општина Центар, кои што имаат истечени договори, најдоцна до сабота ќе треба да ги обноват.
Сите корисници притоа ќе треба да пополнат апликација за нова налепница, информираат од пртпријатието.
Во однос на документите, од Паркинзи посочуваат дека граѓаните треба да достават лична карта на увид и сообраќајна дозвола. Еднократниот надомест за обновување на истечен договор изнесува 100 денари и трае една година.
Притоа паркирањето за нив е бесплатно во зона 1 и зона 2, додека поволностите не важат во 0 зона, на резидентните улици и паркиралишта, на јавните паркиралишта од затворен тип и во катната гаража „ Судска палата“.