19 Мај, 2024
0.0263

Безбедност на највисоко ниво: Очекувано ŠKODA Superb ги освои максималните 5 ѕвезди на Euro NCAP

Објавено во: Мои пари 29 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

- 5-те ѕвезди го потврдуваат највисокото ниво на безбедност на знаменосецот на ŠKODA

- Најдобра заштита како за возрасните патниците така и за децата

- ŠKODA Superb го има најдобриот резултат пред се поради новите иновативни безбедносни системи

- Целата актуелна гама на ŠKODA има максимални 5 ѕвезди од Euro NCAP Новиот ŠKODA Superb освои 5 ѕвезди на Euro NCAP. Резултатот ги потврдува извонредните безбедносни стандарди на новиот модел на ŠKODA кој наскоро ќе биде лансиран на македонскиот пазар. Последните резултати на Euro NCAP, покрај тоа што ја потврдија одличната безбедност на Superb, прикажаа и врвен безбедносен стандард кај целата гама на ŠKODA. При лансирањето на пазарот, сите актуелни модели на производителот беа наградени со максимални 5 ѕвезди од Euro NCAP. Рејтингот на Euro NCAP (Програма за оценување на европските нови автомобили) вклучува резултати од повеќе спроведени тестови, од заштита на патниците (возрасни и деца), преку заштита на пешаците до оценка на безбедносните системи. Новиот ŠKODA Superb доби одлични оценки на сите испитувања.

Новиот ŠKODA Superb нуди безбедност без компромис: користењето на MQB платформата од групацијата Volkswagen, му овозможи на моделот врвни резултати кога станува збор за бројните безбедносни системи. Во случај на судар, врвните безбедносни системи кои вклучуваат до 9 водушни перничиња, крутата каросерија и специфично оптимизираните зони на деформација ја нудат најдобрата можна заштита за патниците. Подвозјето, исто така, е целосно ново и гарантира стабилност, удобност и агилност.

Новиот ŠKODA Superb нуди низа нови системи за помош и импресионира со своите безбедносни системи, кои досега не беа вградувани кај возилата од овој сегмент. Новата технологија му помага на возачот во најразлични ситуации во сообраќајот, од систем за чување на безбедно растојание преку систем за движење во лента до безбедносен систем за сопирање во итни случаи. Новиот Superb стандардно доаѓа со електронска контрола на стабилноста вклучувајќи и систем за сопирање во случај на повеќекратен судир. Отсега кај новиот Superb достапни се и следниве безбедносни системи: Front Assist – систем кој го намалува ризикот од удар напред,електронско мониторирање  на притисокот во пневматиците, XDS +, дополнителна функција за електронско блокирање на диференцијал.

ŠKODA Superb e првиот модел на брендот кај кој на располагање се новите системи  Blind Spot Detect (систем за откривање на возила во мртов агол), Rear Traffic Alert (сигнализација за сообраќајот зад возилото, Traffic Jam Assist (систем кој помага при возење во сообраќајниот метеж), Emergency Assist (систем за помош при итни случаи). Дополнителни безбедносни системи како опција се: адаптивен темпомат, системот за проактивна заштита на патниците, Lane Assist (систем за движење во лента), ограничување на  брзината, детектор на замор и систем кои ги препознава сообраќајните знаци.

Покрај сето тоа, иновативните системи за осветлување кај ŠKODA Superb обезбедуваат значително поголема безбедност. Superb e првиот модел на ŠKODA кој го има системот Smart Light Assist (систем за динамичко регулирање на долгите светла преку маскирање на дел од светлосниот сноп).

Најновиот Euro NCAP тест и одличните оценки за ŠKODA Superb потврдуваат дека актуелната гама на ŠKODA е најбезбедна од кога било досега. Во текот на лансирањето на пазарот, сите актуелни модели на ŠKODA ги освоија максималните 5 ѕвезди од Euro NCAP. Пред ŠKODA Superb, ŠKODA Fabia освои 5 ѕвезди во ноември 2014 година, а пред Fabia сите останати модели на ŠKODA се закитија со 5 ѕвезди од Euro NCAP,  ŠKODA Octavia во 2013, ŠKODA Rapid во 2012, ŠKODA Citigo во 2011 и ŠKODA Yeti во 2008 година. Извонредните резултати кои ги покажаа возилата на ŠKODA на Euro NCAP тестовите се резултат на долгогодишните напори на производителот за максимална активна и пасивна безбедност. Како дел од стратегијата за корпоративна општествена одговорност, компанијата многу инвестира со цел подобрување на безбедноста на патиштата.

Euro NCAP е независен конзорциум на европските министерства за транспорт, мото спорт клубовите, осигурителните компании и потрошувачите. Организацијата спроведува тестови на  новите автомобили и оценува нивната безбедност.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО