Би-Би-Си открива: Која е разликата помеѓу турското и босанското кафе?
Објавено во: Стил 17 Јули, 2014 20:53
БиБиСи-виот колумнист Бред Коен, кој редовно пишува за храна и пијалоци во светот, го посети Сараево, каде што најмногу го заинтригирало - кафето.
Коен пишува како Босна и Херцеговина и денеска, 136 години по заминувањето на Турците, покажува многу знаци од нивното владеење, а една од нив е наследството на кафе.
Тој со Елиф Бургаз, Турчинот кој го посака вкусот на домот, седнал во еден ресторан на Башчаршија каде нарачале турско кафе. Еден од гостите на тоа им дофрлил дека турското и босанското кафе не се исти.
Разликата, им објаснил, е во процесот.
И двете се готват од сомелени зрна кафе и двете се припремаат во ѓезве. Меѓутоа, Турците кафето го додаваат во ладната вода пред да го стават на оган, а при подготовката на босанското кафе прво се чека водата да се стопли.Откако водата ќе зоврие, мала количина од неа се издвојува, обично во шолја, а потоа во ѓезвето се додаде кафе и повторно се чека водата да зоврие, при што се прави густа пена. Процесот може да се повтори неколку пати, со што од шолјата водата се долива, со тоа што прави уште погуста пена. Ова, му рекли на Коен, на онака јакото кафе му дава богат вкус.
Сепак, Коен не можел да забележи разлика во вкусот. И двете биле „јаки, горчливи и густи како кал“. За туристите како него, интересна е разликата во тоа како двата вида на кафе се сервираат.
„Во Турција ѓезвето и припаѓа на кујната а не на масата“, му рекол Бургаз.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





