29 Март, 2024
0.0286

Бил Гејтс за Вол Стрит Џорнал: Како се решаваат најголемите светски проблеми!

Објавено во: Стил 29 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Од борбата против полио до унапредување на образованието, она што недостасува е често доброто мерење и посветеноста да се следат податоците. Можеме подобро. Во рацете ги имаме алатките.

Интегрално Ви го пренесуваме дел од освртот на  Бил Гејтс за Вол Стрит Џорнал, на тема-може ли да се решат најголемите светски проблеми!? Во историјата, странската помош беше мерена во смисол на инвестираната вкупна сума на пари - а за време на Студената војна, со тоа дали некоја земја застанала на нашата страна - но, не со тоа колку е добро нешто изведено во реланата помош за луѓето. Дома кај нас, и покрај пронаоѓање на мерките како да се измерат перформансите на наставниците во светот, повеќе од 90 % од наставниците во САД сеуште имаат „нула“ повратни информации за тоа како да се подобрат. Некој пронајдок - без разлика дали е тоа вакцина или подобрено семе - нема да има влијание се додека истиот не стигне до луѓето кои имаат потреба од него. Ни требаат иновации во мерењата за да пронајдеме нови, ефикасни начини да ги испорачаме тие алатки и услуги до клиниките, до семејните фарми и до училниците, каде што се најпотребни. Пронајдов многу примери како мерењата во изминатите години создале разлика - од училиште во Колорадо до здравствена установа во рурална Етиопија. Нашата фондација ги поддржува овие напори. Но ние и другите треба повеќе да сториме. Додека буџетите на владите и фондациите низ целиот свет се скусуваат, сите треба да ја земеме при срце лекцијата од парната машина и да ја адаптираме во решавањето на најголемите проблеми во светот. Етиопија ги потпиша Милениумските цели во 2000-та Земјата си постави високи бројки во своите амбиции да овозможи основна здраствена грижа за сите свои граѓани. Конкретната цел за намалување на смртноста кај децата за две третини, создаде јасна цел според која ќе се мери успехот или неуспехот. Посветеноста на Етиопија, привлече многу донации со пари за поправање на примарната услуга за здравствена заштита во земјата. Со помош на индијската држава Керала, која создала успешна мрежа на исфрлени испостави за здравствена грижа, во 2004 и Етипоија почна своја програма и денес има повеќе од 15,000 здравствени испостави во кои работат 34,000 луѓе (Ова е една од најголемите бенефити од мерењата - можноста која им озвоможува на државните лидери да прават споредба со другите земји и да учат од најдобрите). Минатиот март ја посетив здравствената испостава Германа гале хелт пост во регионот Далоча, каде видов картони за имунизација при случаи со маларија и други податпоци, закачени по ѕидовите. Овие информации влегуваат во систем - делумно на хартија, а делумно во компјутер - кој им овозможува на владините службеници да следат каде нештата функционираат, и да преземат акции каде нештата не функционираат. Во изминатите години, податоците од теренот и помогнаа на владата побрзо да одговори на избувнување на маларија и сипаници. Можеби што е уште поважно е тоа што владата пред тоа немаше никакви официјални податоци за раѓања или умирања на деца во рурална Етиопија. Сега одблизу ги следи овие бројки. Здравствените работници ги обезбедуваат повеќето услуги на овие испостави, иако исто така ги посетуваат и домовите на бремените жени и болните луѓе. Тие обезбедуваат секој дом да има пристап до мрежа за нега за да се заштити семејството од маларија, потоа одвоен тоалет од просторот за живеење, обука за прва помош и други практични сознанија за здравјето и безбедноста. Сите овие инетервенции се многу едностави, иако драстично ги подобрија животот на луѓето во оваа земја. Според традициите во Етиопија, родителите чекаат да му дадат име на детето затоа што децата најчесто умираат во првите недели од животот. Етиопија од 1990 наваму ја намали смртноста кај децата за 60 отсто, со што земјата е на добар пат да ги достигне милениумските цели за намалување на морталитетот за две третини до 2015, во споредба со 1990. Иако светот сепак не ги остварува целите, сепак правиме голем прогрес. Бројот на децата под 5 години кои умираат низ светот, во 2011 падна на 6,9 милиони, од 12-те милиони во 1990 (и покрај порастот на светското население). Уште една позитивна сторија е полиото Почнувајќи во 1988, глобалните здравствени организации (во содејство со повеќето земји) постави цел за справување со полиото, со кој се здружија политичката воља и отворените паричници за да се платат кампањите за имунизација од голем обем. До 2000-та, вирусот беше скоро искоренет; сега има само околу 1,000 случаи во целиот свет. Но бришењето и на последните неколку примери е најтешкиот дел. Со цел спречување на ширењето на инфекциите, здравствените работници треба да ги вакцинираат скоро сите деца на возраст под 5 години во земјите зафатени со полио. Сега има само три земји каде полиото не е елиминиран: Нигерија, Пакистан и Авганистан. Ја посетив северна Нигерија пред четири години, во обидот да разберам зошто елиминарњето на болеста таму оди толку тешко. Видов дека рутинските јавни здравствени услуги не се ефикасни. Само околу половина од децата редовно добиваат вакцини. Еден огромен проблем е тоа што многу мали населби во регионот недостасуваат од рачно нацртаните карти за вакцинација, и од листите со кои се документираат локацииите на селата и бројот на деца. За да се поправи ова, медицинските лица задолжени за полио мораат да одат во високоризичните области во северот на земјата, по што ќе додадат 3,000 претходно незаведени заедници во кампањите за имуниација. Оваа прогама исто така користи сателитски снимки со висока резолуција, за да се направат уште подетални мапи. Како резултат од ова, менаџерите сега можат лесно да ги лоцираат оние кои треба да бидат вакцинирани. Што е уште поважно, во прогамата пионерски се користат телефони опремени со ГПС апликации, за оние кои треба да се вакцинираат. На крајот на денот се симнуваат податоците и менаџерите ги споредат рутите на вакцинација кои се завршени со оние кои се планирани. Ова овозможува и оние области кои биле занемарени да бидат посетени. Верувам дека овие системи за мерења ќе ни помогнат да ја завршиме работата со конечно елиминирање на полиото во следните шест години. А овие системи можат да помгнат и да се прошири рутината за вакцинанции и други медицински активности, што значи дека оставштината од едукацијата за полиото ќе остане долго по елиминирањето на вирусот. Голем напредок во образованието Во октомври, Мелинда и јас седнавме меѓу десетина 12-то одделенци во средното училиште Игл вели во близина на Вејл, во Колорадо. Мери Ен Ставни, наставник по уметност на јазикот, предаваше како да се напише наративнен неизмислен текст. Таа ги вклучи нејзините ученици, одејќи меѓу нив и предизвикувајќи голема активност на децата. Можевме да видиме зошто Мери Ен е врвен наставник, што е разликата која им се оддава на најдобрите наставници во училиштата, и е важна компонента во системот за евалуација на наставниците во областа Игл. Ставни работи како врвен наставик и е дел од тригодишниот проект кој нашата фондација го финансира, основан за продобро разбирање како да се изгради евалуација и систем за повратни информации за наставниците. Правејќи база на податоци од 3,000 наставници, проектот истакнува неколку методи за мерења кои учениците треба да ги искористат за да се подобрат перформансите на наставниците, меѓу кои се и податоци од тетстови, потоа анкетите од учениците и постигнувањата од обучени оценувачи. Во текот на една школска година, секој од 470-те наставници во областа Игл е оценуван три пати, и на часовите е следен најмалку по девет пати од врвните наставници, од директори ите на училиштата, и од таканаречените наставници ментори. Оценувањата во областа Игл се користат за да им обезбедат на наставниците не само оценки, туку и специфични повратни информаии во кои области треба да се подобрат, и за начините како да се зајакнат нивните квалитети. Како прилог во методот еден-на-еден, менторите и врвните наставници водат неделни групни состаноци во кои наставниците соработуваат со цел да ги прошират своите вештини. Наставниците се натпреваруваат за зголемување на годишните плати и за бонуси на основа на набљудувањата во училниците и од постигнувањата на учениците. Програмата се соочува со предизвици од намалените буџети, но областа Игл досега успеваше нечепнати да го задржи оценувањето и поддршката на системот - што е една од причините зошто оценките на тестовите на учениците во областа Игл во изминатите пет години се подобрени. Мислам дека најкритичната промена која можеме да ја направиме во 12-годишното образование во САД, кога Америка заостанува зад земји во Азија и северна Европа, кога станува збор за создавањето на врвни студенти, е да се создаде систем на повратни информации за наставниците, кои е соодветно поставен, со висок квалитет и е од доверба и кај наставниците. Што треба да се направи за подобар свет? Во сиромашните земји, сеуште ни требаат подобри начини да ја мериме ефикасноста на многу владини службеници кои обезбедуваат здравствени услуги. Тие се круцијалната врска која донесува алатки, како што се вакцините и образованието до луѓето на кои најмногу им требаат. Колку се добро тие обучени? Дали тие се појавуваат воопшто на работа? Како можат мерењата да им помогнат да ја подобрат нивната работа? Во САД, треба да ги мериме вредностите кои се додадени од колеџите. Во моментов, рангирањето на колеџите е фокусирано на влезните резултати - на бројот и квалитетот на студентите кои се запишуваат на колеџ - и на ставовите и предрасудите во врска со „репутацијата“ на училиштата. На студентите повеќе ќе им користат мерењата за тоа кои колеџи подобро ги изведуваат студиите за да бидат подготвени за работа на пазарот. Потоа ќе дознаат каде можат да добијат најмногу за нивинте дадени пари.

Во земјоделието, креирањето на цели за глобална продуктивност ќе им помогне на земјите да се фокусираат на клучните, но занемарени области: ефиканоста и производството од стотиците милиони мали фармери кои живеат во сиромаштија. Ќе треба уште долго да наоѓаме начини за намалување на сиромаштијата, ако имаме извештаи со резултати кои покажуваат како владите на развиентите држави, донаторите и другите им помагаат на тие фармери.

И ако можев само да замавнам со стапчето, би сакал да пронајдам начин како да се мери изложеноста на ризици и болести, на инфекциите, потоа на неисхранетоста и како проблемите со бременостите влијаат врз потенцијалите на децата - на нивните способности да учат и да придонесуваат во општеството. Мерења кои ќе помогнат да го измериме поширокото влијание на овие ризици и кои ќе ни помогнат да се справиме со нив.

Во изминатите 15 години, животот на најсиромашните се побрзо се подобрува отколку било кога претходно

Оптимист сум дека во следните 15 години ќе бидеме уште поуспешни. Процесот кој го опишав - поставување на јасни цели, избирање на пристапи, мерење на резултатите, и потоа искористување на тие мерења за продолжено рафинирање на нашиот пристап - ни помага да донесеме алатки и услуги до секој оној кој ќе има корист од нив, било тоа да се учениците во САД или мајките во Африка. Следејќи го од одамна патот на парната машина, и благодарение на мерењата, прогресот не е осуден „да биде редок и непостојан“. Всушност, можеме да го направиме точка на спојување.“