Билал Касами: Училиштата мора да плаќаат регулирана цена на електрична енергија
Објавено во: Македонија 26 Септември, 2022 21:07
Градоначалникот на Тетово, Билал Касами, вечерва во емисијата „Анализа“ на ТВ24 ја повика Владата да не дозволува општините да ја плаќаат електричната енергија за училиштата на слободниот пазар, туку цената да биде регулирана. Тоа за претседателот на Беса е единствено сигурен пат дека училиштата нема да мора да бидат затворени за време на зимскиот период.
„Ние направивме во ребалансот распоредување од други буџетски ставки, но имаме и предлози за регулирање на цената за училиштата. Ако може да има регулирана цена за домаќинствата, и училиштата се јавен интерес и треба да има и за нив“, рече Касами.
Тој додаде дека власта треба да најде пари за да им помогне на општините за овој проблем, кога веќе „десет години плаќа за учебници кои уште не се отпечатени“.
Касами додаде дека Општина тетово по основ на данок на имот и фирмарина нема собрано ниту 5 милиони евра години наназад.
Можеби ќе ве интересира
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти




