18 Мај, 2024
0.0275

Билансот најавува: ќе направи ли Стопанска банка Скопје година рекорден профит од 40 милиони евра?

Просекот по квартал за првите три тормесечја годинава покажува дека банката на 90 дена остварува просечно 10 милиони евра профит. Многу е висока веројатноста дека годинава оваа банка ќе ја заврши со рекордна добивка од 40 милиони евра

Објавено во: Економија 26 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Стопанска банка Скопје за три месеци (од почетокот на јули до крајот на септември) има добивка која надминува 10 милиони евра, покажуваат официјалните податоци што ги објави една од двете најголеми банки во земјава. Од почетокот на годината до крајот на септември оваа банка има добивка од 1,855 милијарди денари односно за првите девет месеци таа изнесува 30 милиони евра. СО оваа динамика очекувањата се дека оваа година Стопанска банка ќе ја заврши со добивка од 40 милиони евра!

Податоците покажуваат дека оваа голема банка годинава ги бележи своите најдобри резултати досега. Во споредба со првите девет месеци лани, годинава во истиот период нејзината добивка пораснала за 251 милиони денари односно  4,15 милиони евра повеќе од лани. 

Од билансот на успех видливо е дека банката продолжува да одржува високо ниво за позитивна разлика меѓу приходите од и расходите за камати што всушност е и главен генератор на нето приходите и добивката во крајна линија. Годинава до крајот на септември приходите од камати се 3,365 милијарди денари (односно околу 55 милиони евра) и се за дваесетина милиони денари пониски од лани. Ова е одличен резултат затоа што е постигнат во услови на значаен и континуиран пад на каматите за кредити. Ова значи дека банката на ниво на тромесечје има раст на приходи од камати што надминува 1,1 милијарда денари (нешто помалку од 18 милиони евра). 

Во случајот со Стопанска банка многу е позначајно тоа што падот на расходите за камати е многу поизразен од падот на приходите од камати. Така во услови кога приходите од камати се намалени за 20 милиони денари, расходите за камати на банката се пониски од истиот период лани за 171 милиони денари. Тоа значи дека, како што неколку пати досега сме констатирале дека банката позначајно ги намалува каматите на депозити на своите коминтенти одошто ги намалува каматите на своите производи за своите клиенти. За првите девет месеци нето расходите за камати на Стопанска банка се 683,9 милиони денари.

Солидни се бројките од билансот и кај приходите од провизии, надоместоци и тука нето приходот е 696 милиони денари и тоа е само за 6,1 милиони денари помалку од истиот период лани.

Резервациите годинава се пониски од истиот период лани

Билансот на состојба ја поддржува убавата слика за банката затоа што кај двете најважни ставки : резеврации и загуби заради оштетување на нефинансиски средства има пад или се на исто ниво од лани. Резервациите кои се трета најголема расходна ставка за првите девет месеци изнесуваат 377,4 милиони денари и во однос на истиот период лани се пониски за 48,3 милиони денари.  Оштетувањето на нефинансиските средства е на ниво од 24,6 милиони денари и е пониско од лани. Дури намалување има и кај ставата останати расходи од дејноста (најголема ставка) и тоа за 16 милиони денари до ниво од 759,8 милиони денари.  

Расходите за вработените се на ниво од 586,6 милиони денари и во однос на лани се повисоки за 9 милиони денари. 

Р..Ф

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа