21 Мај, 2024
0.0261

Билки кои ќе ви помогнат послесно да ја сварите храната во организмот

Објавено во: Стил 03 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Ако од било која причина е оневозможено правилното функционирање на системот за варење може да помогнат и билни препарати. Ви препорачуваме некои многу квалитетни билки кои лесно се препознаваат бидејки се на нашите простори.

За да во целост ги задоволиме нашите физиолошки и психолошки потреби во исхраната пред се е корисно полека и смирено да се внесува тој „ градежен материјал “ во телото.

Внесот на хранливи материи, освен што е есенцијален за организмот, важен е и како психолошки ритуал на кој мора и тоа како да му се обрне внимание. И најмалата количина на ткн. стресен хормон може да доведе до сериозни пореметувања во искористеноста на хранливите материи.

Редоследот на земање на храната исто така има значајно влијание на процесот на нормално варење, со оглед дека различната храна се разградува на повеќе нивоа од нашиот систем за варење.

Течноста која ја внесуваме во организмот има многу важна улога во процесот на варење, количина од некои 1 – 1,5 л. може сигурно да обезбеди потребен волумен во кој храната ќе се измеша заедно со соковите за варење, па со тоа ќе ја подобри нормалната перисталтика на цревата.

Acorus calami – мирисен корен

Вид на корен ) се користи за подготовка на чај за јакнење на желудникот и цревата. Извонреден е против подуеност. Може и само да се изџвакаат парчиња од билката без подготовка на чај.

Ако е помешан со други билки, на пр. нане, смрека и магдонос, тогаш прави чајна мешавина за измокрување како извонреден препарат во ситуации кога не земаме лекови.

Се подготвува воглавно по ладна постапка, т.е. со потопување во изладена вода 6 - 8 часа, а процедениот  чај се пие во голтки, најдобро пред јадење.

Gentianae radix ( gentian lutea ) – енцијан, корен од Линцура

Линцура подготвена како чај се користи за подобрување на функцијата на варење, поттикнува нормална функција на жолчните сокови, функцијата на црниот дроб се подобрува, а апетитот се враќа. Освен како чај, се подготвува и како стабилен раствор, а и онаа попозната во алкохол со тоа што по подготовката мора секогаш да се разреди во малку вода и да се пие пред јадење во голтки.

Centaurium umbelatum – во народот „ женски кантарион “

Како чај лекува болести на слузницата на желудникот и цревата така што го  поттикнува и подобрува лачењето на желудочните и цревни сокови, го отвора апетитот, олеснува празнење на цревата и ја подобрува функцијата на црниот дроб. Може да се подготви со потопување во изладена вода 6 – 8 часа, после процедување малку се загрева и се пие по малку пред јадење. Centaurium umbelatum исто така помага покачената киселост на желудочниот сок да се намали, како и недоволната киселост да се доведе во нормални вредности.

Во асортиманот на чајни мешавини е и „ Пинтин чај за варење “. Во својот состав има: кора од мала крушка, камилица, анасон и нане. Оваа мешавина се препорачува и на лица кои имаат чувствителен желудник.

Чај против пролив

-       Семки од дуња

-       Трева бршлен

-       Камилица

-       Мајчина душичка

Чај против подуеност

-       „Коњска опашка“

-       Пелин

-       Мајчина душица

-       анасон

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“