27 Април, 2024
0.0287

Бимилк го одбележа денот на млекото со донација во Заводот за рехабилитација на деца и младинци

Објавено во: Македонија, Мои пари 01 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

По повод 1ви јуни, Светскиот ден на млекото Битолска млекара реализираше значајна донација во производи за задоволување на потребите на децата кои се згрижени во Заводот за рехабилитација на деца и младинци - Скопје.

“Бимилк како општествено одговорна компанија отсекогаш во фокусот ги имала децата и нивниот правилен раст и развој. Под мотивот да создадеме подеднакви услови за сите, фокусирани приоритетно на потребите на децата, нивното згрижување и овозможување услови за слободно растење и развивање, го одбележуваме денешниот ден, денот на млекото и сакаме да потсетиме за важноста на млекото, неговите придобивки и да не заборавиме на најважното, дека сите деца заслужуваат исти услови за безгрижно растење”, изјави Полексена Јанкуловска, регионален маркетинг менаџер во Бимилк.

“Снабдувањето со неопходните  производи од Битолска млекара е од големо значење за нас, како институција што згрижува деца и младинци на дневна основа и интернатски, за што упатуваме голема благодарност. Донациите и помошта од општествено одговорните компании, како Бимилк, се клучни за непречено функционирање на Заводот, затоа потребна ни е поддршка и се надеваме дека и други компании ќе го следат овој пример”, рече директорот Фатмир Ејупи.

Веќе традиционално, компанијата „Бимилк“ на хуманитарен начин го одбележува Светскиот ден на млекото со донации за повеќе организации и здруженија, водејќи сметка за доброто здравје на социјално ранливите категории, особено за децата.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“