20 Декември, 2025
0.0902

Бимилк со нови витамински сокчиња за најмалите – БиБенд!

Објавено во: Мои пари 14 Ноември, 2013 11:32

Добивај вести на Viber

Бимилк ги претстави новите сокови за деца БиБенд во пакување од 200мл. Посебно дизајнирани како пријатели на децата, овие сокови засега се достапни во три вкуса, портокал, праска и АЦЕ, секој од нив претставен со различен карактер, Фани, Биби или Аце кои заедно сочинуваат еден музички бенд. Ова е уште еден начин да се доближат Bifruit соковите до децата и да се развие нивната навика за редовно конзумирање на здрави и вкусни овошни сокови. Првично BiBand соковите се достапни со вкус на портокал, на праска и сок кој ги содржи трите витамини A, Ц и Е, но палетата на производи во иднина ќе се проширува со цел да се понуди поголем избор за децата. „Овошните сокови не само што не освежуваат, туку тие се добар извор на витамини неопходни за здрав и активен живот. Новиот бренд BiBand на Бимилк има за цел да ги доближи овошните сокови до децата, да им ги претстави како нивни пријатели и со тоа да допринесе за стекнување на добри навики неопходни за здраво и безгрижно детство.“ - изјави Игор Ивановски, координатор за категорија сокови во Бимилк. Компанијата која повеќе од 15 години произведува овошни сокови, за прв пат го воведува овој производ согласно своите настојувања да ги следи и остварува желбите и потребите на купувачите, а особено на децата преку создавање на производи кои во целост одговараат на нивните потреби. Најпрво тоа беше витаминското млеко, а сега Битолска Млекара го проширува своето портфолио со новите сокови за деца, БиБенд. --- Млекара АД Битола е најголемата млекара во Р. Македонија со капацитет на преработка на млеко од над 65 милиони литри годишно која посветува врвно внимание на квалитетот и поседува врвен стандард за управување со квалитетот и контрола на безбедноста на храната - ISO 22000 (интегриран стандард од HACCP и ISO 9001) и стандард за заштита на животната околина ISO 14000. Млекара АД Битола е единствена млекарница во Р. Македонија која поседува извозен број за извоз во земјите на Европската Унија, што е врвен доказ за квалитетот на нашите производи. Од 2007 година Млекара АД Битола е дел од најголемата групација на млечна индустрија на Балканот - Danube Foods Group.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии