20 Декември, 2025
0.3998

Бинго бум премијата падна во Свети Николе

Објавено во: Мои пари 14 Ноември, 2013 22:08

Добивај вести на Viber

Првото коло од најновата игра на среќа Бинго Бум со новиот водителски пар, Виктор Петров Викса и Марјана Станојковска ја донесе и првата Бинго БУм премија. Во продажното место Венмарк во Свети Николе е уплатена добитната Бинго Бум картичката. Интересно е да се додаде дека покрај оваа премија, продажното место Венмарк во Свети Николе,  досега се покажало како добитно за дури три премии Бинго, вклучително и последната, потоа премијата Бинго Бум линија со стокова добивка автомобил во втората сезона на Џамбо Бинго, а највпечатлива е секако уплатата на Новолото која на среќниот добитник му донесе 275.000 евра кон средината на минатата година. Токму затоа во петок тимот на Државна лотарија на Македонија најавува промотивно дружење токму на ова среќно Бинго Бум продажно место, во петок  на 15 ноември. „Веруваме дека оваа семејна игра на среќа ќе ги исполни очекувањата на сите во врска со се што е синоним за играта на среќа - Бинго. Гледачите преку МТВ ќе добијат забава преку самата емисија Време за среќа, која го задржува својот тренд за емитување на играта Бинго- понеделник. Туку се и бројните добивки кои заедно со носечкиот концепт на самата игра, лепезата од дополнителни сегменти кои само ја дополнуваат можноста за забава и добивки ќе се обидува да го лови сечие внимание. Нашата идеја е токму овој концепт да се менува  и надополнува од емисија во емисија, со што целиот тим на Државна Лотарија на Македонија верува дека телевизиското извлекување на играта на среќа Бинго Бум ќе биде повторно интересно и за играчите, но и за гледачите“, посочуваат од Лотарија на Македонија. Во оваа сезона, играта Бинго  Бум носи збогатување  на фондот на добивките и во игрите за забава и добивки. Следнот понеделничко издание на Време за среќа со Марјана и Викса, во 20:30, ќе го донесе извлекувањето на второто коло од Бинго Бум заедно со првото извлекување на Топ 5. Во понеделник се воведува уште една новина,  заедничка Бинго Бум вечер со среќните играчи во ресторанот Бела. Имено, 300 парови, ќе добијат подарок од самиот ресторан, уплатени Бинго Бум картички и Бинго Бум коктел, а во прекрасниот амбиент на ресторанот ќе се игра Бинго Бум со следење на телевизискиот пренос во живо. Потоа сите ќе имаат прилика да се дружат со целата екипа која ја реализира емисијата Време за среќа, заедно со водителскиот пар Марјана и Викса, најавуваат организаторите на игрите на среќа.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии