01 Мај, 2024
0.0256

Битка на титани

Објавено во: Колумни 15 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

На фонот на украинската криза, економските санкции против Русија од страна на Западот и обратно, па притисоците да се намали влијанието на „Гаспром“ во енергетиката на Европа, на повидок е нова „битка“ меѓу два гасовода. Но, истовремено и на два проекта, политички поддржани од Западот и од Русија. Станува збор за Трансјадранскиот гасовод (TAP) и „Турски поток“ Трансјадранскиот гасовод треба да носи гас од наоѓалиштето во Азербејџан, Шах Дениз, преку Турција, Грција,Албанија и Италија до пазарот на гас во Европа. Додека „Турски поток“ треба да носи руски гас од Турција, преку Грција, Македонија, Србија, Унгарија до Централна  Европа. Ниту едниот, ниту другиот не се почнати да се градат. Првиот, треба да почне годинава, најнапред со градежните работи во Албанија на инфраструктурата, патишта и мостови, за да се овозможи пристап кон изградбата на гаводот. Предвидено е да биде завршен во 2018 година, но уште сега е јасно дека работите ќе бидат пролонгирани. Од причина што „Турскиот поток“ може да му ги замрски сметките, бидејќи ќе биде негова директна конкренција. Да не ја заборавие судбината на проектот „Набуко“, кој исто така требаше да намали зависност од рускиот гас, поддржан од ЕУ, но кој во 2013 година, јуни, беше затворен, кога се повеќе се најавуваше изгардбата на гасоводот „Јужен тек“. Наспроти ова гасоводот „Турски поток’ треба да биде готов и пуштен во експлоатација во 2016 година. Тоа го соопштија од „Гаспром“ по неодамнешната средба на првиот човек на компанијата, Алексеј Милер, со министерот за енергетика на Турција Јилдиз Танер. Во нивните разговори наводно се отстранети сите пречки за почеток на изградбата на гасоводот до границата на Грција. Само неколку дена пред тоа беа објавени информации дека изградбата на гасоводот се одлага на неопределен рок, поради разногласијата меѓу двете држави, кои се јавија после изјавата на Владимир Путин за геноцидот на Ерменците во 1915 година од страна на Турците, на што остро реагираше турскиот претедател Реџеп Таип Ердоган. Но, очигледно економијата во овој случај ја победи политиката. За сериозноста на Русија да го гради гасоводот зборува и нејзината подготвеност да ја финансира изградбата на неговата делница, која што треба да минува низ Грција. Оваа земја поради големата економска криза не е во можноста да се зафати со големи ивестиции, а има желба да биде еден од енергетските јазли во овој дел на Европа, па заигра на картата на Русија. Претседателот Путин уште на средбата со грчкиот премиер, Алексис Ципрас, во април во Москва вети дека ќе им помогне на грчките компании кои ќе учествуваат во изградбата на енергетска инраструктура, попрецизно, на гасоводот кој ќе оди од турската граница кон Европа. Путин вети финансирање на грчките државни и приватни компании, кои ќе учествуваат во проектот. Дефинитивната одлука за ова можеби ќе се донесе во текот на месецов, а најверојатно на Економскот форум во Санкт Петербург, каде што Ципрас ќе биде еден од главните гости и ќе има разгвори со Путин. Токму ваквиот развој на настаните ги возбуди Американците, кои очигледно сметаат дека ЕУ слабо ги води работите околу намалувањето на влијанието на Русија врз енергетскиот пазар во Европа.Тие сметаа дека треба под итно да се вклучат во работите, кои очигледно им бегаат од контрола. Деновиве го отповикаа и својот амбасадор од Грција Дејвид Пирс, како што беше соопштено, меѓу другото, заради „неспособноста во целост да го информира Вашингтон за политичките и економските настани во Грција“. После посетата на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, на Вашингтон, кон крајот на април, минатата недела не беше изненадување посетата на Грција на специјалниот претставник на Стејтдепартментот за прашања од енергетиката Амос Хохштајн. САД ги повикаа грчките власти да е откажат од проектот „Турски поток“ во полза на проектот TAP. Хохштајн ги советуваше Грците да ги диверзификуваат изворите на гас и да не бидат зависни само од Русија. Зашто, различните извори на снабдување со гас овозможуваат и сигурност во снабдувањето, а се создава и конкуренција. Хохштајн дури вети поддршка на Грција во изградба на Трансјадранскиот гасовод. Неговите аргументи за ова беа дека проектот TAP  е во понапредна фаза во однос на „Турски поток“. Исто така дека не постои конзорцим кој би го градел „Турски поток“, нема договр за изградба, па посоветува да се чека да напреднат работите и потоа да се види дали тој е релевантен или не е. Па да се размилува за вклучување во него. Конечно, според Хохштајн, диверзификацијата, исто така, ќе ги намали шансите енергијата да се користи за политичка моќ. Но Грците сакаат низ нивната територија да минуваат и TAP и „Турски поток“. Тоа за нив се проекти кои ќе носат бенефит, а ќе има и диверзификација во снабдувањето со енергија. Грција би станала еден од главните јазли во меѓунаодната гасоводна мрежа. Владата во Атина, исто така, верува дека изградбата на делницата низ Грција, која веќе е наречена Tesla, бидејќи Грците не сакаат да се вика на нивна територија „Турски поток“, ќе биде од корист и за вкупната нејзина економија. Сега кога во игра се вклучија Американците работите ќе се заоструваат. Грците не се откажуваат од нивната Tesla, ниту од TAP, Турците од нивниот „Турски  поток“. Да не заборавиме дека Русија на Турција и гарантира и пониски цени и други бенефити со „Турски поток“. И двете земји, пред се, ги гледаат економските придобивки од гасоводите. Битката ќе биде кој гасовод побрзо ќе се изгради. Милер изјави дека во декември „Турски поток“ ќе биде готов. TAP треба да биде готов до 2018 година. Ќе успеат ли Американците да ги убедат Грците да почекаат со одлуката? Зашто ако едниот гасовод се изгради, тогаш втората инвестиција е депласирана. Грција е таа која ќе ма одлучувачка улога, бидејќи „Турски поток“ изграден до турско-грчката граница не значи ништо, ако не продолжи натаму. Згора на тоа, капацитетот на „потокот“ е многу поголем од оној на трансјадранскиот гасовод. Каде е Македонија во целата оваа игра. На стенд бај. За неа подобро е да се поврзи на ТАP, бидејќи веќе  се снабдува со руски гас преку гасоводот од Бугарија. Но, нема да изненади ако и врз неа почне да се врши притисок да не се приклучува кон „Турски поток“. Ова дотолку повеќе што пред извесно време и српскиот претседател Томислав Николиќ изјави дека не е сигурна изградбата на тој гасовод низ Србија. Мирче Адамчевски

Можеби ќе ве интересира

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина

Оружје и дипломатија за Украина – сите погледи кон Кина

Оружје за Украина - пари за САД

Оружје за Украина - пари за САД