Битолчани играат „лотарија“ за mini cooper во Кромберг и Шуберт
Објавено во: Економија 04 Август, 2018
За купен лоз од 50 денари секој вработен во Кромберг и Шуберт, фабриката за производство на автомобилски кабли крај Битола, може да учествува во наградна игра со главна награда автомобил - mini cooper произведен во 2004-та година.
Работниците кои се претежно од Битола, инаку град познат по тоа што таму многу се застапени игрите на среќа, можат да купат колку што сакаат лозови доколку сатаат да си ги зголемат шансите за успех.
Инаку германскиот инвеститор во индустриската зона Жабени има вработено неколку илјади вработени во фабриката. На огласите, mini cooper произведен во 2004-та, чини од 2.500 до 4.000 евра.
Останува спорно и дали инвеститорот може да организира „лотарија“ во слободна зона, бидејќи Законот за игри на среќа експлицитно вели дека тоа не смее да се прави на вакви локации.