Добивај вести на Viber
106 лица и два хеликоптери на Армијата беа ангажирани за гаснење на пожарот во битолско кој се закануваше дека ќе ги пеплоса селата Црнобуки, Лисолај, Лопатица и Древеник. Од девет часот изутринава огнот е локализиран, а дежурни лица и хеликоптерите останале на опожареното место за да контролираат што се случува, соопштија од Дирекцијата за заштита и спасување.
Како што потврди раководителот на битолската противпожарна единица, Костадин Поповски засега нема опасност од негово разгорување, а останале само неколку помали жаришта кои се под контрола.
На терен, покрај екипи на територијалната противпожарна единица од Битола, интервенираат и работници од Кајмакчалан и доброволци од Доброволното противпожарно друштво Пегаз.
Изгорена е поголема шумска површина, а штетите допрва ќе се пресметуваат. Според Дирекцијата за заштита и спасување, засега нема активни пожари на територија на Македонија.