06 Октомври, 2024
0.0247

Битолска млекарница со холандска експертиза влегува во нови инвестиции

Објавено во: Мои пари 27 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

„Битолска Млекарница“ потпиша меморандум за соработка со кој ангажира врвни експерти од Холандија, земја со најнапредна биотехнологија за производство на млеко во светот, за да ги помагаат и да обезбедуваат совети за реализација на новите инвестиции на млекарницата планирани да започнат во најскоро време. Според плановите, во следните две години ќе се инвестираат околу пет милиони евра, а целокупната инвестиција од околу девет милиони евра ќе се заокружи до 2018 година. Една од целите на овие инвестиции е зголемување на квалитетот и обемот на производството на млеко во македонските фарми и обезбедување на поголемо снабдување со млеко во регионот. Меморандумот за соработка го потпишаа г-дин Златко Најдовски генерален менаџер во Бимилк, Johan Jan van den Berg - координатор за PUM Netherlands Senior Experts во Македонија и Arthur Matthijs van Praag CEO на холандската агенција PUM Netherlands Senior Experts. „Бимилк како млекарница со долгогодишно искуство на македонскиот пазар со години наназад вложува во унапредување на своето производство, инвестирајќи во нови софистицирани технологии и добивајќи ги највисоките сертификати за безбедност и квалитет на производството и производите. Воведувањето на софистицирана технологија во процесот на производство не само што придонесе за подобрување на квалитетот на производите туку во исто време новата технологија создаде можност за проширување на асортиманот и креирање производи што поблиску ги пресретнуваат барањата на потрошувачите. Создавајќи производи по мерка на потрошувачите „Бимилк“ ја оправда довербата на потрошувачите и на тој начин уште повеќе ја зајакна својата позиција на пазарот. Со завршувањето на првата фаза од инвестициите сметаме дека „Бимилк“ ќе биде меѓу најдобрите млекарници од Балканот.“

Можеби ќе ве интересира

Нов елитен станбено деловен комплекс Порта Скопје by Adora – Општина Центар

Нов елитен станбено деловен комплекс Порта Скопје by Adora – Општина Центар

Групација Триглав повторно доби висок кредитен рејтинг „А“ Во 2024 година, AM Best очекува успешно работење на Групација Триглав согласно последните години

Групација Триглав повторно доби висок кредитен рејтинг „А“ Во 2024 година, AM Best очекува успешно работење на Групација Триглав согласно последните години

Продавниците на Телеком нема да работат во текот на претстојниот викенд, на 5 и 6 октомври

Продавниците на Телеком нема да работат во текот на претстојниот викенд, на 5 и 6 октомври

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ – РЕГИОНАЛЕН ВОДЕЧКИ ЦЕНТАР ЗА ИНТЕРВЕНТНА РАДИОЛОГИЈА

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ – РЕГИОНАЛЕН ВОДЕЧКИ ЦЕНТАР ЗА ИНТЕРВЕНТНА РАДИОЛОГИЈА

Првата работилница за родители од проектот „Крени глас“ на „Макпетрол“ утре ќе се одржи во „Песталоци“

Првата работилница за родители од проектот „Крени глас“ на „Макпетрол“ утре ќе се одржи во „Песталоци“

ТАВ АЕРОДРОМИ: АВИОНСКОТО КАРГО НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СО ПОРАСТ ОД НАД 40 ОТСТО ОД ЈАНУАРИ ДО АВГУСТ

ТАВ АЕРОДРОМИ: АВИОНСКОТО КАРГО НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ СО ПОРАСТ ОД НАД 40 ОТСТО ОД ЈАНУАРИ ДО АВГУСТ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧО КОЛАРСКИ Е ВЛТ МИЛИОНЕР, ОСВОИ 1.799.026 ДЕНАРИ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: БЛАГОЈЧО КОЛАРСКИ Е ВЛТ МИЛИОНЕР, ОСВОИ 1.799.026 ДЕНАРИ

Fashion Group fall/winter ‘24: Натпросечно со стил со Тино и Атанас!

Fashion Group fall/winter ‘24: Натпросечно со стил со Тино и Атанас!

„Лесја Украинка“: Егзекуцијата на 16 воени заробеници и прашањата за почитување на меѓународните норми

„Лесја Украинка“: Егзекуцијата на 16 воени заробеници и прашањата за почитување на меѓународните норми