„Bitsiani“ Презентира водич за матуранти
Објавено во: Мои пари 21 Април, 2015
Со доаѓањето на матурските вечери секогаш владее дилемата што да се избере за софистициран, но сепак младешки изглед. Продавниците на „Aristoteli Bitsiani“ се секогаш едни од најпосетуваните дестинации кога станува збор за матурските подготовки на момците, а оваа сезона брендот подготви таканаречен водич за матуранти со предлог комбинации за повеќе различни стилови, но и совети за избор на соодветна облека, обувки и модни додатоци.
[gallery ids="156052,156051,156050,156049,156048,156047"]Тимот на „Bitsiani“ за сезоната на матурски прослави презенира комбинации во кои, пред сè, доминираат свежите бои и разиграните дезени што ги прави поразлични од останатата понуда на пазарот. Така речиси во секоја комбинација панталоните се во пастелни бои, кошулите се со најразлични дезени, чевлите се исто така во боја, а неизбежни се и модните додатоци како вратоврските-пеперутка кои кај овој бренд се далеку од класични, џебните марамчиња и марамитe со егзотични принтови. Белата боја е доста застапена за храбар и впечатлив изглед, а пак за оние кои себеси не се гледаат облечени во костум оваа ноќ, секогаш постојат и полежерните комбинации со палто, маица, поелегантни патики итн.
[gallery ids="156046,156045,156044,156043,156042,156041"]Фотосесијата за матурскиот водич е реализирана од страна на фотографите Ани и Дими со моделот Вања Трампевски од агенцијата Подиум и шминка и фризура на Маја Саздановска.
[gallery ids="156040,156039,156038,156037,156036,156035"]Водичот ќе биде достапен во продажните места на „Bitsiani“, во рамките на списанието Теа Модерна на 22.04.2015 и на уште неколку соодветни локации низ градот.