Бивш португалски претседател побара отфрлање на „наметнатите“ мерки на ЕУ и ММФ
Објавено во: Свет 15 Април, 2013 10:44
Порнешниот португалски претседател Марио Соареш побара од партиите во земјата да се обединат за да се „урне сегашната влада,за да се отфрлат острите мерки за скратување на буџетот,наметнати од ЕУ и ММФ“.
- Португалија никогаш нема да може да ги исплати своите долгови,изјави Соареш во Лисабон,објаснувајки дека ако земјата не може да ги отплати,едноставно решение е да не ги плака долговите.
- Кога Аргенитина беше во финансиска криза и во колапс,таа не ги плати своите долгови.Дали тогаш нешто се случи-не,ништо не се случи, вели овој португалски политичар.
Поранешниот претседател,а пред тоа и социјалистички премиер,кој ја изведе Португалија низ транзицијата по неколкудецениската диктатура на режимот на Антонио Салазар,ја обини сегашната деснцентристичка влада дека се претвора во „обичен слуга на германскиот канцелар Ангела Меркел,правејки се она што таа ке побара“.
Во Португалија постои се уште консензус во Парламентот околу примената и спроведувањето на острите мерки за скратување на буџетот и за штедење кои ги бараат ЕУ и ММФ како надомест за доделените средстава за покривање на неликвидноста на земјата и за спас на Португалија од банкрот.
Состојбите се менуваат по одлуката на Уставниот суд во земјата,кој пресуди дека острото скратување на платите и пензиите за вработените во јавниот сектор е неуставно.
Премиерот на Португалија Педро Пасос Коељо веднаш потоа најави нови скратувања на буџетот. Министрите за финансии од еврозоната се согласија, за Ирска и за Португалија да се продолжи рокот за вракање на долговоте кон креиторите. Сите партии во Португалија се согласни за останување во еврозоната,како и за задржување на еврото,а сите анкети покажуваат дека такво е расположените и во португалската јавност.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени
(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците
Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“
„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД
ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)
Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки
Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.
Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја




