20 Декември, 2025
0.3539

Бизнисот со мигрантите ја парализира Гевгелија

Објавено во: Економија 07 Февруари, 2016 12:27

Добивај вести на Viber

Непочитувањето на договорот меѓу превозниците на бегалците и мигрантите кои минуваат од Гевгелија до Табановце денеска донесе нови протести.

Над 250 гевгелиски таксисти денеска, се заканија дека пак ќе го блокираат градот и зградата на општината, додека не се исполни договореното.

Во близина на пругата кај Гевгелија и денеска се распоредени припадници на специјалните сили.

Таксисите бараат да се почитува договорот кој го постигнаа завчера со Центарот за управување со кризи, односно, преку ден тие да ги пренесуваат бегалците, а навечер да сообраќа возот.

Инаку, вчерашните протести нај јужната граница ескалираа во судири меѓу полицијата и гевгелиските таксисти.

Според неофицијалните податоци, еден таксист бил повреден од туркањето во гужвата, а еден бил тепан од специјалните полициски сили, при што интервенирала и брзата помош.

Одговорност за ова побараа и од ФРОДЕМ, но од МВР пак демантираа дека полицијата употребила сила.

„Војната” меѓу превозниците и натаму се очекува да продолжи рамномерно со бранот на бегалци што доаѓа.

Добрата заработувачка со превозот на бегалците драстично го зголеми бројот на издавање на лиценци за вршење такси служби во Гевгелија, па така само за три месеци од јуни до септември, минатата година, градот доби нови 62 такси возила

Такси возачите само од една тура од Гевгелија до Табановце заработуваат по 100 евра, што месечно може да им донесе од 6 до 9 илјади евра .

Можеби ќе ве интересира

Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“

Истражување: Европските компании во работниот процес се повеќе ангажираат „аутсорсинг“

Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра

Заменик-министерот Јанкуловски: Македонија ќе ја заврши 2025 година со јавен долг од 10,2 милијарди евра

Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка

Европа половина од природниот гас го купува од Норвешка

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри