БЛАГОДАРАНОСТ ОД МАКАРСКА ДО КАВАДАРЦИ: Mитко Јанчев е горд што помогнале на пријателите во Хрватска
Објавено во: Македонија 26 Јануари, 2021
Општина Макарска се заблагодари на Општина Кавадарци, за помошта упатена по земјотресите.
„Општина Кавадарци денес доби благодарност од Општина Макарска за испратената помош во тешките моменти во кои се наоѓаа жителите на Република Хрватска погодени од силните земјотреси. Помошта од Општина Кавадарци е една од првите донации кои беа испратени во Хрватска. Ние сме особено горди што бевме во можност да им пружиме помош на нашите пријатели“, објави на Фејсбук градоначалникот Митко Јанчев.
При крајот на 2020 година имаше силен земјотрес од 6.2 степени во Петриња, но и во новата година потресите не запираат.