11 Декември, 2025
0.4877

Блерим Беџети: Кривичната пријава против мене е за да ме придобијат во мнозинството

Објавено во: Македонија 14 Ноември, 2025 15:16

Добивај вести на Viber

Пратеникот на ДУИ и поранешен градоначалник на општина Сарај, Блерим Беџети, ги обвини Владата и премиерот Христијан Мицкоски за политички притисок, откако против него беше поднесена кривична пријава од страна на Финансиската полиција. 

На денешната прес-конференција Беџети рече дека пријавата политички мотивирана и дека наредбата, според него, доаѓа директно од премиерот, со цел зголемување на мнозинството во Собранието. 

Тој нагласи дека сите процедури во општината се спроведени во согласност со законот, без никаква финансиска штета и без лична корист. Беџети изјави дека нема да се подложи на притисок и дека ова, според него, е напад врз политичкото достоинство на Албанците. 

„Ова е само дел од организиран прогон, диригиран од владата и директно од премиерот Мицкоски, со јасна намера да се изврши притисок врз мене како пратеник, со цел зголемување на мнозинството во парламентот. Денес јавно им кажувам дека ниту јас, ниту кој било друг пратеник на ДУИ не се плаши од овие конструкции и нема да се потчини на притисокот од владата! Кривичната пријава поднесена од Финансиската полиција е целосно неоснована, и поради оваа причина ќе покренеме соодветни постапки против директорот Слободан Ивановски, заменик-директорот Илбер Имери и уште две лица кои заедно како организирана банда ја спроведуваат оваа оркестрација на политички прогон“, рече Беџети.

Премиерот Мицкоски беше прашан за ова, но рече дека нема да коментира.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Тошковски: Тврдењата дека Македонија ќе биде хаб за мигранти немаат врска со реалноста

Тошковски: Тврдењата дека Македонија ќе биде хаб за мигранти немаат врска со реалноста

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поранешните министри за економија и директори на ДЗС негираат вина за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Поранешните министри за економија и директори на ДЗС негираат вина за „Пулс“

Сиљановска-Давкова: Aко се работи за лица кои се опасност за Британија, тие се подеднакво опасни и за нас

Сиљановска-Давкова: Aко се работи за лица кои се опасност за Британија, тие се подеднакво опасни и за нас

Протест ќе има за поддршка на поранешните водачи на ОВК - Мицкоски кажа какви мерки ќе преземат

Протест ќе има за поддршка на поранешните водачи на ОВК - Мицкоски кажа какви мерки ќе преземат

Оружје од Косово е најдено на локации во Сингелиќ и Брест, уапсени се 12 луѓе

Оружје од Косово е најдено на локации во Сингелиќ и Брест, уапсени се 12 луѓе

Со реакција се јави Спасовски за кривичната: МВРО-ВМРО се враќа на сцена секогаш кога треба да се дефокусира јавноста

Со реакција се јави Спасовски за кривичната: МВРО-ВМРО се враќа на сцена секогаш кога треба да се дефокусира јавноста

ПОЗНАТО КОЈ ЌЕ ПЕЕ НА ПЛОШТАДОТ ЗА НОВА ГОДИНА: Само македонски пејачи ќе ги забавуваат скопјани

ПОЗНАТО КОЈ ЌЕ ПЕЕ НА ПЛОШТАДОТ ЗА НОВА ГОДИНА: Само македонски пејачи ќе ги забавуваат скопјани

Обвинителството бара притвор за тројца Бугари, шверцувале македонски народни носии

Обвинителството бара притвор за тројца Бугари, шверцувале македонски народни носии

„Најмалку една лиценца за „Пулс“ е издадена додека Бектеши не бил во Македонија“, вели адвокатот Миланов

„Најмалку една лиценца за „Пулс“ е издадена додека Бектеши не бил во Македонија“, вели адвокатот Миланов