16 Јуни, 2024
0.0257

BMW уште не избира овластен сервисер во Македонија, клиентите оставени на цедило!

Објавено во: Економија 25 Септември, 2014

Добивај вести на Viber

Сопствениците на автомобили BMW во Македонија се на мака, откако и официјално од централата на компанијата во Германија добиле информација дека и натаму нема  овластен сервисер и застапник на нивните автомобили во земјава и дека автомобилите мора да си ги носат на сервис во странство, доколку сакаат да им важи гаранцијата. Проблемот останува нерешен од првата половина на годинава, кога се затвори дотогашниот застапник и овластен сервисер на автомобилите на BMW во земјава „Маккар-Балфинко“. Купувачите на овие автомобили останаа без никакви информации – кој ќе ја покрие гаранцијата на автомобилите кои чинат неколку десетици илјади евра, каде да набавуваат делови, кој ќе ги сервисира автомобилите на BMW, Mini и Land Rover, за кои беше застапник оваа фирма. Од централата на германскиот автомобилски гигант BMW во Минхен, тогаш за Фактор потврдија дека Маккар веќе не е дистрибутер за нивните автомобили, а нов – нема.
Договорот за увоз со Маккар Балфинко истече и не беше обновен со заемна согласност. Ќе го објавиме новиот увозник за BMW и MINI во Македонија кога ќе дојде време“, изјави за Фактор Ирмгард Арсеншчек, портпарол на Групацијата BMW за Африка, Карибите и Источна Европа.
Организацијата на потрошувачи на Македонија (ОПМ) ги советува купувачите на овие автомобили да се организираат, заеднички да се обратат до Пазарниот инспекторат и до централата на BMW во Минхен и да бараат веднаш да ги извести кој ќе биде следен сервисер.
Улогата на дистрибутерот не е толку важна, но сервисер мора веднаш да се обезбеди. Возачите мора да знаат дека секој сервис на возилото кај неовластен сервисер автоматски ја поништува гаранцијата и во тој случај потрошувачите нема да можат да ги остваруваат правата што ги нуди таа гаранција“, вели за Фактор Марјана Лончар – Велкова, претседателка на ОПМ.
Според Лончар-Велкова, потрошувачите имаат право да си побараат и надомест за трошоци доколку за сервис мора да го носат возилото во некоја од соседните земји.

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ИМ СЕ СЛУЧИ БУМ ИЛИ РАЗОЧАРУВАЊЕ: Еве како фудбалското првенство во Германија ќе влијае на економскиот раст

ЌЕ ИМ СЕ СЛУЧИ БУМ ИЛИ РАЗОЧАРУВАЊЕ: Еве како фудбалското првенство во Германија ќе влијае на економскиот раст

Европа ја губи битката, ѝ требаат радикални промени: Зошто е исплашена шефицата на Европската централна банка?

Европа ја губи битката, ѝ требаат радикални промени: Зошто е исплашена шефицата на Европската централна банка?

БАНКА ОТПУШТИ ВРАБОТЕНИ БИДЕЈЌИ ЛАЖИРАЛЕ ДЕКА РАБОТАТ ОД ДОМА - работниците вложиле само по 10 долари за измамата, а еве како ги откриле

БАНКА ОТПУШТИ ВРАБОТЕНИ БИДЕЈЌИ ЛАЖИРАЛЕ ДЕКА РАБОТАТ ОД ДОМА - работниците вложиле само по 10 долари за измамата, а еве како ги откриле

ВЕСТ КОЈА ПРЕДИЗВИКА ШОК ВО ЦЕЛА ЕВРОПА - германскиот туристички џин ги откажа сите патувања од јули, повеќе од 175 илјади луѓе останаа без аранжман

ВЕСТ КОЈА ПРЕДИЗВИКА ШОК ВО ЦЕЛА ЕВРОПА - германскиот туристички џин ги откажа сите патувања од јули, повеќе од 175 илјади луѓе останаа без аранжман

МЕТЕЖ НА ЕВЗОНИ, КИЛОМЕТАРСКА КОЛОНА ЗА ВЛЕЗ ВО ГРЦИЈА - еве што ве чека ако тргнете на летување

МЕТЕЖ НА ЕВЗОНИ, КИЛОМЕТАРСКА КОЛОНА ЗА ВЛЕЗ ВО ГРЦИЈА - еве што ве чека ако тргнете на летување

ТРИ РАЗЛИЧНИ ЦЕНИ ЗА ГИРО: ПРАЗЕН 2,5 ЕВРА, СО ДОДАТОЦИ 4, А ГИ ИМА И ЗА 7 ЕВРА - ова се моменталните цени во едно познато грчко одморалиште

ТРИ РАЗЛИЧНИ ЦЕНИ ЗА ГИРО: ПРАЗЕН 2,5 ЕВРА, СО ДОДАТОЦИ 4, А ГИ ИМА И ЗА 7 ЕВРА - ова се моменталните цени во едно познато грчко одморалиште

ПОСКАПЕА СТАНОВИТЕ ВО СРБИЈА, НО ПАЗАРОТ Е СТАБИЛЕН - зачудувачки, но во Белград паднала продажбата

ПОСКАПЕА СТАНОВИТЕ ВО СРБИЈА, НО ПАЗАРОТ Е СТАБИЛЕН - зачудувачки, но во Белград паднала продажбата

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА ИМААТ ПРИЧИНА ЗА СЛАВЕЊЕ - ќе им стигне еднократна помош, а ќе добијат и други погодности

ПЕНЗИОНЕРИТЕ ВО ЕДНА БАЛКАНСКА ДРЖАВА ИМААТ ПРИЧИНА ЗА СЛАВЕЊЕ - ќе им стигне еднократна помош, а ќе добијат и други погодности

СЕ ДОЗНАВА КАДЕ СЀ ЌЕ ИМА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА - НАЈНОВА ВЕСТ: Купени се парцели и во Кичево и во Тетово

СЕ ДОЗНАВА КАДЕ СЀ ЌЕ ИМА ЛИДЛ ВО МАКЕДОНИЈА - НАЈНОВА ВЕСТ: Купени се парцели и во Кичево и во Тетово