28 Септември, 2024
0.0279

Се очекува минимално поскапување на цената на струјата за домаќинствата

Објавено во: Економија 25 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

На денешната собраниска седница на дневен ред е предлогот на закон за дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка, кој премиерот Христијан Мицкоски, пред неговиот избор запрв човек на Владата, и пратениците Бојан Стојановски, Тони Јаревски и Марија Митевска од ВМРО-ДПМНЕ го поднесоа со изговор да се спречи зголемување на цените на струјата од 1 јули. 

Со Законот треба во наредните шест месеци да се спречи нагорен тренд на цената на струјата, а од јануари 2025 година да се намали цената на електричната енергија и за домаќинствата и за индустријата. Со поднесениот предлог, цената на електричната енергија нема да се зголеми за првиот и вториот блок, додека за третата и четвртата тарифна група зголемувањето ќе биде од 1 до 2 проценти.

Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимовски, во својата последна изјава што ја даде вчера не одговори конкретно дали се ова реалистични бројки за кои зборува Мицкоски, но вели дека ќе се направи напор за да нема ценовни шокови.

- Уште ги немаме добиено точните бројки од „ЕВН хоум“ да ги видам каква е структурата на потрошувачка по блоковите за домаќинства. Кога ќе добиеме, ќе ги видиме и ќе направиме напор да не предизвикуваме ценовни шокови. Ние сме издржале потешки периоди, никогаш не сме довеле до проблеми, секогаш се обидувавме да бидеме транспарентни, да објасниме. Јас знам дека не секогаш некој ќе прифати зголемување од 9%, 9 и пол – тоа ни било максимално. Е, сега, правиме напори да го стабилизираме сето тоа во наредниот период, рече Бислимовски во интервјуто за „360 Степени“.

Според првиот човек на РКЕ, зголемување на цената од 1 отсто не би претставувало проблем за домаќинствата,туку тоа би било во рамки на „ценовниот тренд“.

- Како просечна цена, ќе се движиме тука некаде, да биде нешто минимално, да нема никаков ефект. Не знам сега да кажам, 1 отсто зголемување мислам дека не е никаков проблем за домаќинствата, порача тој.

Со Предлог-законот за дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка, со членот 1 се врши дополнување на членот 101 односно се додава став (10) кој има за цел утврдување на исклучот од ставот (9) односно доколку назначениот универзален снабдувач ја обезбедувал универзалната услуга до завршување на утврдената тендерска постапка да не е должен да основа ново друштво за обезбедување на услугата. Со ваквата одредба освен сигурно и безбедно се обезбедува и континуитет во снабдувањето со електрична енергија.

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

Шефот на Nvidia гледа „спас“ во нуклеарната енергија

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ЕВРОПСКИОТ СУД ПРЕСЕЧЕ - познатиот германски синџир супермаркети ги измамил клиентите со реклами за попусти

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

ПОЗНАТ МОДЕН СИНЏИР ГИ ЗАТВАРА СИТЕ СВОИ ПРОДАВНИЦИ! организираат аукција за да се ослободат од имотот

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

„ДЕНЕС ИМАМЕ ПРИЧИНА ДА СЕ ГОРДЕМЕ“: еве што порача Битиќи преку социјалните мрежи

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ПРВ ПАТ ВО ИСТОРИЈАТА: Холандија произведе повеќе од 50 проценти од електричната енергија од обновливи извори

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

ДАЛИ АМАЗОН ЌЕ ГИ ИЗГУБИ РАБОТНИЦИТЕ - по најавата за враќање во канцеларија, 73 отсто од вработените најавуваат откази

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ГЕРМАНИЈА: За колку се зголеми?

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

ЕВРОСТАТ: Цените на житарките во Европската Унија се намалија за 14 отсто

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија

АРГЕНТИНА: Државата тоне во сиромаштија