18 Декември, 2025
0.0480

Што доби „Силекс“ за да се откаже од експлоатација на злато во Македонија?

Објавено во: Економија 25 Јуни, 2024 11:34

Добивај вести на Viber

АД „Силекс“ му го преотстапи уделот од 38 отсто на партнерот „Генезис“ од Мелбурн во потрагата по злато, сребро и бакар во Пробиштип и Кратово.

Рударско индустрискиот комбинат од Кратово повеќе не е еден од сопствениците на „Силген Ресурсис Интернешнл“, која подолго време бара од властите да ги експлоатира овие минерални суровини на локалитетот “Плавица и Црн врв“ во општина Кратово и општина Пробиштип.

Засега не е јасно кој е интересот за ваквиот потег на АД „Силекс“, а единствено во централниот регистар е завeдено дека станува збор за „отстапување согласно договор за пренос на удел“.на ко-основачот.

Пред пет години кога „Силген“ го поднесе барањето за експлоатација до Министерството за животна средина, истата година локалната самоуправа на Пробиштип како рударски град се спротистави за отварање на нов рудник за злато и сребро.Општината издаде негативно мислење за отварање на нов рудник на северниот дел од градот. На Плавица, или како што месното население не случајно ја нарекува Златица, подолго време се вршеше истражувања, а потоа „Силген“ побара да се отвори рудник со површински коп. Дупчењето заради истражување, започна во 2013, а компанијата верува дека локалитетот „лежи на злато“.

„Силген“ побара концесијата да се простира на површина од  околу 17 квадратни километри, а наведоа  дека ќе користат средства кои ќе имаат минимален ефект врз животната средина.

„Целта на проектот е искористување на утврдените рудни резерви и поттикнување на локалната, регионалната и националната економија. Рудните резерви предвидено е да бидат експлоатирани со конвенционален метод на експлоатација во површински коп. Во фазата на подготовка на минералната суровина ќе бидат вклучени активности на дробење и мелење на рудата. Фазата на добивање на готов производ претставува екстрактивна металургија што би вклучила хидрометалуршки и електролитски постапки“, гласеше известувањето на Министерството за животна средина и просторно планирање во 2019.

Инаку новата влада самата во својата усвоена четиригодишна програма објави дека во својот мандат ќе се заложи да се отворат четири нови рудници во Македонија, од кои едниот од нив да биде Плавица (Црн Врв), а другите Стогово, Тајмиште и Лојане.

Холдингот „Силекс“ имаше солидна деловна година. Со вкупни приходи од 18,85 милиони евра и добивка од 1 милион евра, 2023 година за „Империјата на Ѕинго“ лани имаше речиси 4 пати поуспешна деловна година од 2022, покажуваат официјалните финансиски резултати на консолидираниот биланс на успех достапен на веб страницата на Македонската берза за хартии од вредност.

Фирмата=ќерка Силекс Неметали СТ, најголемата кратовска компанија која од нејзиното формирање од 2006 беше фаворизирана од државните елити, пред точно една година продадена на турски инвеститор. А.К.

Можеби ќе ве интересира

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?