15 Декември, 2025
0.1596

СЕ МАЧЕА СО ЕКСТРЕМНА ИНФЛАЦИЈА: Аргентина сега влезе во рецесија

Објавено во: Економија 25 Јуни, 2024 18:27

Добивај вести на Viber

Економски шокови се случуваат во Аргентина. 

Државата влезе во рецесија во првиот квартал, покажаа официјалните податоци, при што невработеноста расте во услови на наводните строги политики на штедење наметнати од претседателот Хавиер Милеи.

Бруто домашниот производ (БДП) на Аргентина е намален во периодот од јануари до март, за 2,6 отсто во однос на претходните три месеци, објави во вторникот заводот за статистика.  Личната потрошувачка е намалена во првиот квартал за 6,7 отсто во однос на истиот период лани, а државната потрошувачка е намалена за пет отсто, покажуваат податоците. Увозот се намалил за 20,1 отсто, а извозот се зголемил за 26,1 отсто. Податоците на заводот за статистика покажуваат дека стапката на невработеност во првите три месеци од годинава пораснала на 7,7 отсто, од 5,7 отсто на крајот од минатата година, со околу 300.000 повеќе невработени.

Новиот аргентински претседател тврди дека треба да воведе ред во финансиите на државата, по долгогодишни буџетски дефицити и проблеми со отплатата на долговите. 

Годишната стапка на инфлација во Аргентина во март годинава изнесуваше  287 отсто, што е меѓу највисоките во светот. 

Аргентина во минатото доживеала неколку банкроти. 

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети