20 Мај, 2024
0.0289

Богатите држави прифатиле многу малку сириски бегалци

Објавено во: Свет 29 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Богатите земји прифатиле многу мал дел од речиси пет милиони бегалци од Сирија, се вели во извештајот на британската невладина организација Oxfam.

Oрганизацијата ги повикува богатите земји да прифатат најмалку 10% од 4,8-те милиони сириски бегалци од војната во таа земја.

На момент сепак богатите земји имаат усвоено само 67 100 Сиријци што е 1.39% од бегалците, покажува извештајот.

Oxfam го објави овој извештај пред одржувањето на меѓународна конференција на 30 март под покровителство на ОН во Женева.

На неа земјите ќе бидат повикани да предвидат места за преселување на сириските бегалци. Големото мнозинство од нив остануваат во блиски земји до татковината , а конфликтот веќе навлезе во шестата година.

Конференцијата на ОН ќе биде отворена од страна на генералниот секретар Бан Ки Мун.

Таа има за цел „да ја распредели заедничката одговорност“, поврзана со кризата со бегалците, предизвикана од граѓанската војна во земјата, која досега убила 270 000 луѓе.

Според Oxfam само 3 од богатите земји - Канада, Германија и Норвешка, прифатиле бегалци повеќе од она што требало да го направат, наспроти нивната економска ситуација.

Други пет земји - Австралија, Финска, Исланд, Шведска и Нов Зеланд, се обврзале да направат 50% отколку што се бара, а другите 20 истражувани земји се под очекувањата.

Така Франција, на пример, се обврза до денес да прифати 1 000 сириски бегалци, што е 4% од 26-те илјади што треба во принцип да прифати.

САД, кои прифатиле 1 812 сириски бегалци, и велат дека ќе прифатат уште 10 000, се обврзале за 7% од близу 171 000 смета за нивен удел.

Холандија прифатила 7%, Данска - 15% и Велика Британија - 22%, посочуваат од Oxfam.

Според директорката на невладината организација Вини Баианијама „земјите со силни економии, со развиена инфраструктура и служби, можат веднаш да прифатат 500 000 бегалци, ако побараат“. Таа истакна дека во Либан секој петти човек е сириски бегалец, а во Јордан - секој десетти.

Можеби ќе ве интересира

ИРАН: Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи

ИРАН: Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи

ЗА ПУКАЊЕТО ВО ФИЦО: Дали напаѓачот делувал сам?

ЗА ПУКАЊЕТО ВО ФИЦО: Дали напаѓачот делувал сам?

ЦРВЕНАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА СЕ КОРИГИРА: Сега велат дека нивни спасувачи не исчезнале

ЦРВЕНАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА СЕ КОРИГИРА: Сега велат дека нивни спасувачи не исчезнале

ИРАН: Исчезнаа тројца членови на спасувачката служба кои трагаат по урнатиот хеликоптер на Раиси

ИРАН: Исчезнаа тројца членови на спасувачката служба кои трагаат по урнатиот хеликоптер на Раиси

УНИКАТНО: Девојка од Чикаго на 17 години стана доктор на науки

УНИКАТНО: Девојка од Чикаго на 17 години стана доктор на науки

„ТЕШКО СЛЕТУВАЊЕ“: Со дронови го бараат хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

„ТЕШКО СЛЕТУВАЊЕ“: Со дронови го бараат хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

ЗАГИНА ВО БОРБА: Украина загуби еден од своите најдобри пилоти

ЗАГИНА ВО БОРБА: Украина загуби еден од своите најдобри пилоти

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети