БОГДАНОВИЌ НЕ ИЗМАНИПУЛИРА, БЕА ИСЕЧЕНИ ЗДРАВИ ДРВЈА: Граѓаните го изразија револот за сечата на „Орце Николов“
Објавено во: Македонија 13 Јуни, 2021
Граѓаните и еко-активисти денеска со протест ја осудија сечата на дрвјата во Дебар Маало. Протестот се одржа под мотото „кога пилите ќе стивнат“, а на раскрисницата меѓу „Ленинова“ и „Орце Николов“, каде во четвртокот беа исечени јаворите прво со една минута молк им оддадоа почит.
Заради реконструкција на улицата, беа исечени осум јавори, вкупно треба да се исечат 13.
„Револтирани сме, затоа што сме изманипулирани од градоначалникот на Центар, кој во мај вети дека дрворедот на улицата ќе биде заштитен и надграден, а беа исечени здрави, а не болни дрвја”, рекоа учесниците на протестот.