25 Ноември, 2024
0.0313

Богојески: Георгиевски заборавил на правилото на реципроцитет во односите помеѓу земјите

Објавено во: Македонија 28 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Петар Богојески од Македонски концепт вели дека е изненаден од тоа како екс премиерот Љупчо Георгиевски површно зборува и нуди решение за сериозно прашање како што е спорот со Бугарија. 

Вели дека од него очекувал нешто посуштинско. Според него,  коалицијата со СДСМ има влијание врз него и му наметнале „купи ден помини” стил на политика.

„На Македонија и на Бугарија им е неопходно КОНЕЧНО РЕШЕНИЕ! Не празни приказни, кои проблемите ги оставаат под тепих, за повторно да ескалираат за неколку години, обично на штета на нашата страна. Тоа конечно решение е оставинска постапка, расчистување со наследството на бугаризмот на територијата на Македонија и помирување со македонизмот. Изградбата на историскиот наратив во прилог на македонската државност е многу, многу посеопфатен од „епохата на бугаризмот” во Македонија! Господин Георгиевски нуди пазарџиски купи продади метод, а македонскиот идентитет не е на продажба! Георгиевски заборавил на правилото на реципроцитет во односите помеѓу земјите! Ако ние треба да дадеме гаранции дека нема да поддржуваме македонски активности во БГ, тогаш тие треба да дадат гаранции дека нема да поддржуваат бугарски активности во МК! Еднонасочна љубов не е љубов, туку опцесија на еден партнер. Тоа Георгиевски сигурно го знае. Јас знам дека на господин Георгиевски му е близок српскиот рецепт на решавање на етничките прашања на Балканот. Тоа го видовме во 2001 година и потоа во соработката со премиерот Зоран Џинџиќ. Но, за Македонија и Македонците тоа е неприфатливо. Господине Георгиевски, српските сценарија да си ги зачувате за вас и вашиот коалиционен партнер! Идејата да се маркираат историски личности и настани за продажба, а Бугарија да ги цензурира нашите учебници е целосно скандалозна“, пишува Богојески на Фејсбук. 


Додава дека предлог решението за јазикот е толку подводливо и наивно, што просто зачудува како може лингвист по професија како Георгиевски, да понуди такво нешто. 

Поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски, на Фејсбук го коментараше актуелниот  македонско-бугарски спор, за кој вели дека е влезен во ќорсокак. 

Тој дава предлог како да се реши спорот, и да не се создава омраза меѓу двата народи.  Вели дека земјава треба да даде гаранција дека нема никакава аспирација за Источна Македонија.  Според него, во поимот Северна Македонија не влегува Источна Македонија. Георгиевски вели дека погледнато од Скопје, Пиринска Македонија секогаш била Источна.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НОВ ПРЕСВРТ ВО СУДОТ - Кешишов тврди дека писмото го напишал во страв од Палчо

НОВ ПРЕСВРТ ВО СУДОТ - Кешишов тврди дека писмото го напишал во страв од Палчо

„ПАТОТ ДО МЕСТОТО БЕШЕ НЕПРООДЕН И СО ДУПКИ“: сведочат службени лица, Манев ги однел до телото на Жежовски

„ПАТОТ ДО МЕСТОТО БЕШЕ НЕПРООДЕН И СО ДУПКИ“: сведочат службени лица, Манев ги однел до телото на Жежовски

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

СЕПАК ИМА ДОКАЗИ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ ПАЛЧО СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што велат обвинителите

СЕПАК ИМА ДОКАЗИ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ ПАЛЧО СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што велат обвинителите

„Нашите пожарникари влегуваат во оган со несоодветна опрема“: Левица бара повеќе пари за борба со пожарите, амандманите одбиени

„Нашите пожарникари влегуваат во оган со несоодветна опрема“: Левица бара повеќе пари за борба со пожарите, амандманите одбиени

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ

ДАЛИ ОД 29 НОЕМВРИ ДОАЃА НОВ СТУДЕН И СНЕЖЕН БРАН? Еве што покажуваа глобалниот прогностички модел

ДАЛИ ОД 29 НОЕМВРИ ДОАЃА НОВ СТУДЕН И СНЕЖЕН БРАН? Еве што покажуваа глобалниот прогностички модел

„ОД ВРЕМЕТО НА ЦРВЕНКОВСКИ НЕМАВМЕ СЛУШНАТО ТАКОВ ГОВОР НА ЛИДЕРОТ“: Спасов со пофални зборови за Филипче

„ОД ВРЕМЕТО НА ЦРВЕНКОВСКИ НЕМАВМЕ СЛУШНАТО ТАКОВ ГОВОР НА ЛИДЕРОТ“: Спасов со пофални зборови за Филипче