Добивај вести на Viber
Петар Богојески ги отфрли тврдењата на Красимир Каракачанов, министерот за одбрана на Република Бугарија кој утрово објави список со имиња за кои тврди дека се меѓу 120 македонски државјани кои се на изборниот список во Бугарија односно имаат бугарско државјанство. Тврди дека ги избрал „рандом“ но повеќето асоцираат на имиња на македонски политичари. Иако Каракачанов не тврди дека се тие, Богојески но и некои останати реагираа на објавата.
Богојески вели дека ова се удбашки методи на црнење на неговото име. Објави фотографија од бугарска виза која ја добивал порано како доказ дека не е можно да има бугарскоп државјанство од 2002 година и да добива виза за престој.
„Целата пропаганда во Македонија ви е базирана на лаги, на фалсификувани документи, фалсификувани докази, затоа и ништо не ви поминува! И нема да ви помине!
Другарчо Краси,
сега доколку потврдиш дека сум јас, тој кој си го објавил со име и презиме како моето, ти останува само еден избор:1. Или ќе ми дадеш пасош по брза постапка (секако без пари, рушвет не ти давам);
2. Или ќе треба на суд да ги докажеш сите лаги и клевете изречени за мене;
П.с. Краси другар, ова вака нема да заврши! Ќе мора да ги отвориме фирмите од Битола и Охрид, од Штип и Кичево... за продажба и собирање на рушвет за бугарски пасоши во Македонија, пишува Богојески.
Пратеникот Антонио Милошоски го нарече Каракачанов пријател на Заев и напиша
Од објавата се дистанцираше и Александар Пандов кој со храбри и навредливи зборови кон Каракачанов демантираше дека има бугарско државјанство.
Од ВМРО -ДПМНЕ објавија дека ниту еден пратеник од партијата нема бугарско државјанство
Еве ја објавата на Каракачанов.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.