27 Април, 2024
0.0282

Бојан Јовановски го објави писмото: Ќе го докажам тоа што го кажав на пресудата на 18 јуни

Објавено во: Македонија 10 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Бојан Јовановски, осудениот на девет години затвор во случајот „Рекет“, го објави писмото во јавност преку својот адвокат Сашо Дуковски кое беше прочитано од неговиот застапник откако беа поднесени пријави против најмалку 30 лица во скопското јавно обвинителство.

Боки 13 во писмото кое го објави „Република“ вели и дека ќе го докаже кажанато на 18 јуни кога по првостепената одлука за затворска казна извика дека „парите се кај Зоран и Вице Заеви“.

„Сакам одговорно да Ви соопштам дека под целосна одговорност стојам позади секој свој збор и стојам позади изговорената реченица при изрекување на пресудата на 18.06.2020 година и истата соодветно законски и институционално ќе ја докажам. Затоа уште еднаш апелирам до нашата независна стручна јавност, меѓународната заедница, независни правни експерти – домашни и странски, веднаш и без одложување да се приклучат во овој значаен период за владеење на правната држава, за која толку многу се зборува, а ништо досега не се направи. Со оглед на условите во кои се наоѓам, со оглед на притисоците и заканите и огромната количина на докази и сознанија кои во наредниов период ќе ги пријавувам во ОЈО и ќе ги пријавувам очекувам сериозен и професионален однос кон мене согласно закон и Уставно загарантирани права“, пишува осудениот во дел од писмото.

Јовановски смета дека само тој е држен по секоја цена во притвор, додека лалп што вели, вистинските криминалци шерифуваат и командуваат, за да не ги издаде информациите кои ги поседува.

„Апелирам до целата јавност, стручна, независна, меѓународната заедница со големо внимание да го следи процесуирањето на моите кривични пријави, бидејќи имам основано сомневање дека веќе пријавените лица се запознаени со моите пријави – со содржината и доказите, и дека ќе се обидат, како што и се обидуваат да ме спречат, да вршат притисок врз мене и моето семејство, но одговорно Ви тврдам дека нема да ме спречат што и да применат како методи за уцени и закани. Единствено ќе ме спречат доколку ме лишат од живот. Односно доколку посегнат по мојот живот, но повторувам нема да ме спречат во мојата чесна граѓанска обврска и должност, ниту пак ќе ме спречат во мојата намера и во борбата со вистинските криминалци и сторители на кривични дела“, се обрача Јовановски.

Тој додава дека ќе се избори за вештачење на неговиот мобилен телефон, постапка која според Боки 13 намерно не е завршена. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“