18 Мај, 2024
0.0313

Боки 13 имал 4 пиштоли, а Катица мини теретана и боксерска вреќа

Објавено во: Македонија 31 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

На денешното рочиште за Рекет, на видеобим беа презентирани снимки од претресот што бил вршен во куќата на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева. 

На тој начин оние што присуствуваа во судницата можеа практично визуелно „да ја посетат“ куќата на поранешната шефица на СЈО, која се наоѓа во Козле, а во која престојуваше додека беше на оваа моќна функција.

Од снимките од претресот можеше да се види запленетата гарнитура од 5.000 евра, како и “Луј Витон” чантата, која обвинителството ја одзело како доказ. Но, треба да се има предвид дека таа не е истата со онаа торба исто така од брендот „Луј Витон“, во која беа спакувани еден милион евра.

Беа прикажани и белешки од тефтер на Јанева, но што во него пишувало, присутните не можеа да прочитаат. Единствено можеше да се види дека има белешка со содржина “Дали има други снимки, по се изгледа не”, а на некои од страните се читаше и името “Боки”.

Инаку, од фотографиите направени при претресот во домот на поранешната обвинителка Катица Јанева се гледа дека таа имала мини теретана опремена со лента за трчање, велосипед и боксерска вреќа, додека Боки 13 пак имал мини колекција на оружје, односно биле најдени четири пиштоли, освен брендираната гардероба која е запленета.

Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжи судењето за предметот „Рекет”, во кој обвинети се Бојан Јовановски и поранешната шефица на СЈО Катица Јанева. Се прикажаа и фотографии од запленетата брендирана облека во домот на Боки, како и банкноти од странски валути. 

Инаку, јавноста можеше да ги види кај Боки парчињата од познатите модни брендови како „Луј Витон”, “Долче и Габана”, „Диор” и други, а меѓу запленетата облека е и сребрената наметка од „Луј Витон” која Јовановски ја носеше на доделувањето на наградите „Story”.

Судењето за случајот Рекет продолжува на 6 февруари.

Можеби ќе ве интересира

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?