Боки 13 оди во домашен притвор
Објавено во: Македонија 30 Октомври, 2020
Oсудениот во случајот „Рекет“, шоуменот Бојан Јовановски попознат како Боки 13, ја напушта ќелијата во Шутка и заминува во домашен притвор.
Оваа одлука ја донесе Апелација по барање поднесено од неговиот адвокат Сашко Дукоски. Тој неколку месеци бараше Боки 13 да излезе од притвор поради неговата влошена здравствена состојба. Неодамна Јовановски беше хоспитализиран во болницата Св. Наум Охридски, поради хируршка интервенција на желудникот. Јовановски е осуден на 9 години затвор за случајот „Рекет“, а екс обвинителката Катица Јанева доби 7 години затвор.