18 Мај, 2024
0.0296

БОКИ 13 УТРИНАВА ИТНО ПРЕНЕСЕН ВО ГРАДСКАТА БОЛНИЦА ПОД СИЛНО ПОЛИЦИСКО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ: Ќе следи тешка операција на желудникот

Објавено во: Македонија 17 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Утринава со комбе на затворската полиција и под силно полициско обезбедување, Бојан Јовановски-Боки 13 итно е пренесен во Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје, поради многу влошена здравствена состојба.

Од неговиот правен тим соопштуваат ќе следи тешка операција, односно отсранување на желудникот.

- Согласно специјалистичкиот извештај, ве информираме дека за извршувањето на операцијата која по својот карактер е сложена, високо - ризична и со неизвесен исход од истата, формиран е тим на повеќе хирурзи - специјалисти од областа кои ќе ја извршат операцијата, а истовремено напоменуваме дека хирурзите - специјалисти  се оградуваат од ризикот и одговорноста за исходот од оперативниот зафат, дотолку повеќе што тие навремено и повеќекратно даваа категорични препораки и укажувања преку конзилијарните стручни мислења да не дојде до оваа операција и да се избегне овој мутилантен хируршки зафат, од причини што самата хируршка интервенција е високо ризична и сложена, придружувана со можни компликации кои можат да бидат кобни за пациентот. Оттука, произлегува фактот дека поради апсолутно и крајно непочитување на издадените задолжителни  препораки и мислења на стручните колегиуми на државните клиники од страна на судските власти и Управата за извршување на санкциите, дојде до оваа непосакувана и ризична актуелна здравствена состојба на Бојан Јовановски, после која во најдобар случај и позитивен исход од операцијата, Бојан Јовановски ќе биде со траен инвалидитет.  Целата оваа ситуација и операцијата можеше да се избегне доколку властите кои одлучуваа по барањата за прекин ги почитуваа специјалистичките препораки кои категорично укажуваа дека ќе дојде до сето ова, бидејќи во затворски - пенални услови нема можност за лекување и третирање на болеста на пациентот. Бојан Јовановски после денешната хоспитализација, во наредните денови ќе му бидат извршени сите потребни испитувања и подготовки за операцијата, по што хирурзите - специјалисти ќе пристапат кон извршување на истата, се наведува во соопштението. 

Истовременои, тимот на Боки 13 ја информира јавноста, дека пред Основниот кривичен суд веќе е поднесено ново барање за прекин на издржување на казната затвор согласно чл.224 ст.2 од ЗИС и очекуваат одлука која ќе биде донесена во итен рок и која ќе биде темелена врз основа на реални факти и неселективна оценка на доказите со примена на начелото на хуманост, согласно новонастаната состојба, односно одлука со која ќе биде уважено барањето за прекин согласно сите исполнетите законски услови, совест и одговорност при одлучување од страна на судот. 

-Во овие чувствителни моменти за Бојан Јовановски и неговото семејство, ја повикуваме јавноста на солидарност и емпатија, како доблесни карактерни особини на секој поединец, бидејќи со овој пример на Бојан Јовановски имаме за цел да ги укажеме негативните појави, а истовремено да дадеме придонес кон подобрување на јавното добро, стои во соопштението. 


Можеби ќе ве интересира

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада