Боки 13 во Обвинителството поднесува неколку кривични пријави
Објавено во: Македонија 25 Јуни, 2020
Бојан Јовановски-Боки
13 денеска на негово барање од Истражниот затвор Шутка отиде во Основното јавно
обвинителство-Скопје за поднесе неколку кривични пријави.
Неговиот адвокат Сашо Дуковски изјави дека кривичните пријави ќе бидат поднесени лично од неговиот клиент и тоа пред се за злоупотреба на службена должност, за измама, за изнуда, давање на лажен исказ, тортура, несовесно лекување.
Инаку, тој пред неколку дена беше осуден надевет години затворска казна за случајот „Рекет, а додека траеше судскиот процес неколку пати обвинуваше дека имал закани по неговиот живот, како и дека постапката против него е фингирана. Истовремено, Бојан Јовановски бараше средби со државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.