Бомба пред тетовскиот затвор
Објавено во: Македонија 26 Март, 2020
Алсат пренесува дека е пронајдена бомба пред влезот на затворот во Тетово. За среќа, ппоставената бомба не е активирана.
Според првите непотврдени информации, се претпоставува дека станува збор за бомба од типот кашикара. Мотивите сè уште не се познати.
Секторот за внатрешни работи го изолирал пристапот и се очекува деминерскиот тим да пристигне на местото на настанот за да ја отстрани експлозивната направа.