18 Мај, 2024
0.0293

Бонева, охрабри се!

Објавено во: Македонија 12 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Силвана Бонева е најплатениот возач во Македонија. Таа само од патни трошоци има заработено стотици илјади евра. Настрана функционерската плата која ја добива од 2002 година, кога за прв пат станува пратеник во Собранието како член на ВМРО-ДПМНЕ. Во Парламентот е во континуитет до 2015 година, а потоа е избрана за член на Државната изборна комисија, функција која и натаму ја извршува. И на двете работни места си наплаќа „функционерски километар“.

Два стана во Скопје, а патува секој ден

Како адреса на живеење на Бонева се води Струмица, иако во Скопје  на име на синовите има два стана. Таа 15 години работи во главниот град, но и натаму патува секој ден до работното место, а за тоа добива по околу 5.500 денари дневно, согласно тарифникот за пресметка на патни трошоци на именувани функционери. Во изминатите години според официјалните информации од Собранието, а потоа и од ДИК Бонева годишно за патни трошоци инкасирала по 23.000 евра.

Силвана Бонева во ДИК има плата од 68.000 денари. Дополнително, заедно со другите членови,  зема уште 12 нето плати. Или вкупно за сите членови на ДИК се искеширани над 100 илјади евра.

По ова срамно откритие кое го обелодени американскиот амбасадор, Џес Бејли, членовите на ДИК решија дел од парите од бонуси да ги донираат. А, вчера тројца од нив, претседателот Чичаковски, членовите Дума и Милев си поднесоа оставки.

Бонева не се пријави на „црната листа“. Таа засега не помислува да се повлече од функцијата.  И  натаму ќе вози секој ден на релација Скопје – Струмица и за тоа ќе наплаќа од државниот буџет.

Несудената музичарка стана политичарка

Силвана Бонева е родена во 1959 година во Струмица. Како мала ја влечела музиката, па завршила нижо, основно и средно музичко образование. Но, потоа ја напушта музиката и му се посветува на правото, по што се запишува на Правниот факултет во Скопје. Во нејзината официјална биографија пишува дека таму завршува прв степен, а додипломски студии завршува на Правниот факултет при Европскиот Универзитет во Скопје. Бонева во моментов е магистрант на Применета политика и дипломатија на Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

За уписот на Бонева на магистерски студии во Штип имаше и во објавените прислушувани материјали кои ги објави СДСМ.  На снимката разговорааттогашните пратенички Силвана Бонева и Надица Танчева-Тулиева и договараат запишување на Бонева на Универзитетот „Гоце Делчев“. Во разговорот, Бонева вели дека е срамота, а Тулиева и вели дека „ќе биде работата“.

Бонева ја слушнавме и во разговор со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на кого му кажува дека за време на избори немало фирма во Струмица која не била рекетирана од нивни сопартијци од ВМРО-ДПМНЕ.

Бонева беше дел од бомбите на СДСМ и за хашките случаи, за спорот за името и за проектот Скопје 2014.

Минатата година беше повикана да даде исказ во Специјалното јавно обвинителство, но одби да каже во кое својство била повикана. Само рече дека тоа било медиумско – политички циркуз на СЈО.

Имотниот лист оскуден, Бонева нема недвижен имот

Во анкетниот лист доставен до Антикорупциската комисија, Бонева нема сопствен недвижен имот. Пријавила имот на родители: Куќа со двор во Струмица од 4.880.000 денари и деловен простор во вредност од 610.000 денари.

Бонева вози Опел Астра, има две девизни книшки – едната од 1.300 евра и другата од 1.700 долари, а има и кредит од 10.000 евра.

Ј.М.

Можеби ќе ве интересира

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци