Борбата на Дарко Лазиќ допрва почнува: Што прогнозираат лекарите
Објавено во: Стил 25 Октомври, 2018 11:05
Пејачот Дарко Лазиќ после несреќата која ја доживеал во вторникот утрото е хоспитализиран во боlницата во Земун, каде примил крв, а неговата здравствена состојба засега е непроменета.
Лекарите констатирале дека Дарко има хематом на главата, девет скршени ребра, ногата му излегла од бутната коска, а има повреда на карлицата.
„Состојбата засега не е променета. Има мали поместувања, но тука сме да контролираме. Делумно сте во право за бубрезите но таквите работи се очекувани во вакви ситуации-рекол директорот на болницата за српските медиуми.
Дарко од моментот кога е донесен во болница е во вештачка кома, во која ќе остане колку што е потребно.
Сите се надеваат на брзо оздравување, а за него се грижи голем дел од естрадата кој доаѓа дури и во болница за да му пружат поддршка на родителите на Дарко, на девојка му, на поранешната сопруга, која единствена има право да поминува време со него бидејќи уште му е законска, со оглед на тоа дека разводот уште не е судски завршен.
foto: srpski kurir
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





