КОС КАЖА КОЈА ЗЕМЈА ОД РЕГИОНОТ ПРВА ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ЕУ: Што е со Македонија?
Објавено во: Македонија 14 Јануари, 2025 15:56
Најмалку една земја кандидат ќе стигне до „финишот“ во следните пет години. Ова го најави еврокомесарката за проширување Марта Кос. Таа изрази уверување дека за време на овој мандат на Европската комисија (2024-2029) барем една држава од процесот на проширување ќе влезе во ЕУ.
Кос во Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент додаде дека расположението за проширување сега е видливо попозитивно отколку во изминатите години. Таа призна дека руската агресија врз Украина отворила можност за натамошно проширување, но подвлече дека нема пречки во процесот на членство.
„Нема да има политички „попусти“. Процесот на проширување останува заснован на заслуги“, вели Кос.
Таа оцени дека во овој момент има двајца лидери во пристапниот процес и, според неа, тоа се Црна Гора и Албанија.
„Црна Гора има визија да ги заврши преговорите до 2026 година, а Албанија до 2027 година. Ние ќе ги поддржиме, но потребно е многу работа. Принципот на процес заснован на заслуги треба да важи и за земјите кандидати и за земјите-членки на ЕУ“, рече Кос.
За Македонија, се надева дека ќе ги направи уставните измени. Истото таа го кажа и минатиот пат. Македонските власти стравуваат од понатамошни блокади и условувања. И Бугарија постојано повторува дека Македонија треба да ги внесе Бугарите во Уставот.
Можеби ќе ве интересира
РАЧНО СЕ ЧИСТЕА И СПОМЕНИЦИТЕ НА ПЛОШТАДОТ: Продолжи генералката во Скопје
ЗА ЧУПЕСКА, ЈАВНОСТА Е КОНТАМИНИРАНА СО ЃУБРЕТАРСКА АКЦИЈА: „Ова би бил базичен минимум“
„КАКВИ БИТАНГИ, ТИЕ ШТО ГО ОВОЗМОЖИЛЕ ОВА“: Адвокатот Дуковски за тие што земале плата од Комунална а не оделе на работа
ДПА НЕ ДОБИЛЕ ПОКАНА ЗА ВЛЕЗ ВО ВЛАДА, АМА БИ ЈА ПРИФАТИЛЕ: Алиу вели дека ќе почекаат
„ВИ ГО ДАДОВ МОЈОТ ЗБОР“: Ѓорѓиевски се пофали со генералката на плоштад
БРАНКО ПОВТОРНО ФАТЕН ВО РЕСТОРАН: Овој пат на сликата е со министерот за администрација, Минчев
ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ: АИ ќе ја подобри дијагностиката во медицината
Дали е ова прв чекор кон приватизирање на јавните претпријатија? Левица тврди дека нови автобуси се набавуваат за приватните превозниси, не за ЈСП
„ДА НЕ ДОЗВОЛИМЕ ЛУЃЕ КАКО ЗАЕВ, ФИЛИПЧЕ, ДОНЧЕВ, РАШКОВСКИ ДА ШЕТААТ СЛОБОДНО ПО УЛИЦИТЕ“: ВМРО-ДПМНЕ бара итна реакција од надлежните за корупцијата во МЗШВ





