БОРЕЛ И БЛИНКЕН-ПРЕДЛОГОТ Е КОМПРОМИСЕН: „Суверената одлука на Собранието ќе биде важна за придвижување напред“
Објавено во: Македонија 09 Јули, 2022 14:59
– Го поздравуваме
компромисниот предлог кој ги зема предвид интересите и грижите и на Северна
Македонија и на Бугарија заснован на меѓусебно почитување, доверба и разбирање.
Суверената одлука на Собранието на Северна Македонија ќе биде важна за да се
придвижи напред. Овој дух на конструктивен компромис врз кој се гради
европската интеграција треба да продолжи да ги инспирира сите кои се вклучени
во овој историски процес, се вели во заедничката изјава на високиот претставник
на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и американскиот
државен секретар Антони Блинкен за поддршка за отворање на пристапните
преговори со ЕУ.
Во овој критичен момент од европската историја, како што посочуваат Борел и Блинкен, обележан со неоправданата агресија спроведена од Русија против Украина, унапредувањето на патот на Албанија и Северна Македонија кон ЕУ е клучно за зајакнување на кохезијата и отпорноста на целиот европски континент. Водени од заедничките вредности и стандардите и одредниците на ЕУ, двете земји се подготвени да го направат следниот чекор кон членство во ЕУ.
Европската Унија и САД, како што се наведува, се посветени на поблиска соработка на Западен Балкан. Обезбедувањето стабилност и просперитет и остварување на нивната европска и евроатлантска иднина останува наша заедничка цел.
ФОТО: EPA/STEPHANIE LECOCQМожеби ќе ве интересира
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија




