19 Мај, 2024
0.0399

Борци за Исламска Држава – од најсиромашните косовски општини преку Скопје летаат за Сирија

Објавено во: Балкан 21 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Косово се наоѓа во самиот врв по бројот на луѓе кои и се придружиле на терористичката организаицја ИД во Сирија и Ирак.

Се претпоставува дека од 2012 година на воените жаришта загинале околу 50 Албанци, пренесува германското радио WDR.

Според наводите на таа германска радио станица, која се повикува на податоците на Полицијата на Косово, досега се регистрирани околу 300 жители на Косово кои и се придружиле на терористичката организација Исламска држава.

Од 2013 година Полицијата на Косово водела истрага против 180 лица, од кои 90 лица се уапсени а се покренати и повеќе од 40 обвиненија.

Најмногу жители на Косово кои им е придружиле на терористите во Сирија и Ирак доаѓаат од најсиромашните општини како што се Урошевац, Генерал Јанкович и Штимље.

„Засега нема значајни резултати после усвоениот Закон за казнување на оние кои учествуваат во странските војни, а посебно загрижува фактот што жителите на Косово се единствени во регионот кои со себе во Сирија или Ирак ги водат своите семејства, жени и деца“, се додава.

Покрај венчаните жени, кои воглавно без своја волја заминуваат на воените жаришта на Средниот исток, се смета дека има околу 20 млади девојки кои успеале да ја преминат границата и да и се придружат на терористичката организација.

Полицијата на Косово успеала само во текот на 2015 година да спречи неколку девојки од Витна и Вучитрн да ја преминат границата поради приклучување на ИД.

Социјалните мрежи и понатаму се најпопуларни за регрутација, а според последните сознанија, за заминување во конфликтните зони се помалку се користи приштинскиот аеродром, а прва дестинација е Скопје, откаде се лета за Истанбул и понатаму кон Сирија и Ирак.

Се смета дека посебна одговорност за регрутирање има Исламската заедница која не е во состојба да ги контролира оџите кои проповедаат радикален ислам и кои се платени од некој друг центар.

Можеби ќе ве интересира

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел