05 Декември, 2025
0.0889

Бракот според хороскопот: Бикот е совршен сопруг, вагите се незаинтересирани за брак

Објавено во: Општо 09 Септември, 2016 20:23

Добивај вести на Viber

Некој е посветен на кариерата, друг на семејството, некои забораваат на нежност , други пак “работат“ на страна. Дознајте каков е вашиот хороскопски знак во бракот.

Овен

Тој: Мажите-овни спаѓаат во категоријата најпосакувани знаци и најчесто тоа се мажи по кои копнеат жените. Тие ги опсипуваат жените со комплименти, подароци и романтични пораки. За нив е многу важно жената да биде убава и паметна. Од жените бараат да бидат доста морални, иако тие самите не се блиску до таа особина. Изневерувањето не го толерираат, но знаат да се впуштат во флертови, паралелни врски и љубовни односи. Никогаш не им е доста од возбудувања.

Таа: Жените-овни се витални, здрави и физички супериорни жени кои ретко се жалат. Тоа се хиперактивни и амбициозни жени кои не поднесуваат неактивни мажи. Тие им се истовремено и љубовници и пријателки на своите партнери. Нив никогаш не им е здодевно затоа што честопати за нив денот трае повеќе од 24 часа. Важат за згодни и убави жени, на што се посебно горди и имаат високо мислење за себе.

Бик

Тој: Мажите-бикови најдобро се снаоѓаат во улогата на сопрузи. Важат за верни мажи, а може да изневерат ако не бидат задоволени нивните сексуални апетити кои не се мали. Сакаат да уживаат и заради тоа биковите се хедонисти во секоја смисла. Никогаш не ги занемаруваат партнерката и семејството. Се трудат да изгледа дека сите зависат од нив.

Таа: Жените-бикови се едни од најблагодарните и најодговорните сопруги во зодијакот. Целосно им се посветуваат на мажите, а домот и семејството им се најважни. Смислата ја пронаоѓаат во семејниот живот. Добродушни се и зависни од мажот. Знаат да прејдат преку секоја брачна криза. Овие жени не се воопшто љубоморни.

Близнаци

Тој: Мажите-близнаци се „лесни за одржување”, не се љубоморни, но и не им одговараат жени со слични особини. Тие се интелектуалци, интересни личности кои ретко им се посветуваат на жените. Повеќе им се посветуваат на сопствените мисли и на кариерата и не се подготвени за мирен семеен живот. Идната сопруга на мажот-близнак треба да биде жена со слични мислења и погледи спрема бракот, во спротивно тој цел живот ќе се обидува да ги промени нејзините мислења.

Таа: На жените-близнаци поважен им е интелектуалниот контакт со мажите отколку сексуалниот. Тие повеќе им се посветени на работните обврски, а помалку на брачниот живот. Заради тоа, многу жени близнаци имаат проблем при усогласувањето на потребите. Не го сакаат многу семејниот и затворен живот, но кога се дома не поднесуваат неред. Друштвени се, зборлести и начитани и им одговараат мажи кои се токму такви, професионални и подвижни.

Рак

Тој: Мажите-ракови се добри и одговорни мажи, посветени на домот. Важат за многу емотивни и сентиментални личности, но од друга страна се и големи педантерии и ситничари. Знаат често да критикуваат, речиси секогаш се жалат за нешто и никогаш не се целосно задоволни. Мажите-ракови знаат да се оженат и од корист, со богата и добро ситуирана жена со добар статус и висока позиција.

Таа: Жената-рак е синоним за мајка. Таа е симпатична, љубезна, трпелива, посветена и заштитнички расположена. Им служи на другите, но и на себе. Сепак, и жените-ракови се многу емотивни и често го менуваат расположението. Лесно се одлучуваат за брак, но знаат да бидат многу посесивни.

Лав

Тој: Мажите-лавови се многу горделиви и се централна фигура во семејниот живот. За себе мислат дека сè им е дозволено. Не поднесуваат непочитување од страна на жената. И покрај тоа, умеат да сакаат и да бидат нежни, романтични и посветени. Знаат да ѝ ги наметнат правилата и должностите на жената на таков начин што таа не би можела да ја одбие таквата диктатура. Лоша страна им е вечната склоност кон авантури.

Таа: Жената-лав е идеална партнерка за мажот кој би можел да поднесе кариерата да е нејзин приоритет. Таа често работите ги гледа од високо и се смета себеси за газда во домот. Поседува многу квалитети и затоа сè во домот е секогаш совршено организирано. Ако наиде на подеднакво амбициозен маж, таа ќе му биде голема поддршка во работата. Сака постојано да биде почитувана, а тоа и го заслужува.

Девица

Тој: Мажите-девици се комплицирани, цинични, ситничави и здодевни. Ова се најчестите причини поради кои тие остануваат сами. Не знаат ги покажат чувствата, но релативно добро се снаоѓаат во семејниот живот. Бракот за нив се базира на пријателство и често со жената се однесуваат како да се колеги од работа. Тоа се способни личности кои знаат да обезбедат удобен живот за себе и своето семејство. Склони се кон флертови, но ретко одат до крај.

Таа: Жените-девици се совршени сопруги. Бракот го сфаќаат како еден вид пријателски однос. Во нејзиниот дом нема и не смее да има грешка. Таму владее одличен ред и сè е секогаш чисто. Одлично се снаоѓаат во кујната. Штедливи се и паметни и работите најчесто ги извршуваат рутински. Може да биде под голем притисок од околината и затоа е емоционално послаба. Никому не му се предава целосно и ретко ги покажува своите чувства.


Следна страна

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: