БРАКОВИ: Повеќе склучени, помалку разведени
Објавено во: Македонија 16 Ноември, 2016 10:10
Оптимистички тренд забележа статистика во поглед на браковите во земајва.
Споредбено со 2014, во 2015 година бројот на склучени бракови пораснал за 2,7 отсто или во бројки 14.186 склучени брачни заедници.
За разлика од нив, пад од 0,5 отсто е забележан кај разводите. 2200
Најмногу бракови, 1 844 или 13,0 отсто, се склучени во август, а најмалку – 702 или 4,9 отсто во март.
Просечната возраст при склучување прв брак е 26,2 години за невестата и 29,0 години за младоженецот.
“За еден брак, според досегашните социолошки мерења, најкрични години се сметаат првите три, а потоа следната “брачна криза“ е на седмата година. Дури по овој период следува постабилен брак, во кој генерлано се смета дека има надминување на проблемите. Но, одржливоста на бракот, од социолошки аспект е детерминирана од повеќе фактори. За брачните партнери важна е психолошката состојба, економскиот статус и секако условите за достоинствен живот“ .
Според податоците, бракот во 2015/2014 година траел од пет до девет години.
Социолозите упатуваат дека уште еден фактор кој влијае врз растот на бројот на разведени парови е еманципацијата на жената. Имено, според сите додегашни студии расте бројот на пријавени случаи на семејно насилство врз жените, што се толкува како резултат на охрабрувањето на жената да се соочи со проблемот но и да бара решение за него.
Можеби ќе ве интересира
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти




