18 Мај, 2024
0.0299

Бранимир Јовановиќ за патните трошоци: Да се опаметиме, другари

Објавено во: Македонија 05 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

„Пробав да се воздржам од коментар, пошто, нели, сега од оваа позиција не треба да коментирам, туку да преземам мерки, ама не се издржува...

Значи, патни трошоци од илјадници евра месечно, летање со бизнис класа, исплаќање на бонуси на функционери од неколку плати, све се тоа еклатантни примери на неодговорно трошење на народните пари. Џабе се мачиме ние да скратиме непродуктивни трошоци во буџетот, џабе се трудиме да пласираме слика дека одговорно се однесуваме со парите на граѓаните, кога ќе појави нешто вакво и све ќе ти сруши. И таман ќе се смири бурата и ќе си помислиш дека лекцијата е научена, ете ти одма друг таков случај.

И не помагаат тука никакви правдања од типот - све е по уставот и законите, зашто уставот и законите треба да им обезбедат храна, облека и дом на стотиците илјади сиромашни во оваа држава, а не дебели заработки на државните функционери.

Ок, јасно е дека со години беше наметнувана култура на владеење, однесување и размислување, според која власта служи само за лично богатење. Ок, јасно е дека ова не може да се смени преку ноќ. Ама па тоа не значи дека не треба ни да пробаме да ги смениме работите.

Да се опаметиме, другари, пошто вака почнува да наликува на онаа "све је исто, само њега нема".“

Фејсбук статус-Бранимир Јовановиќ

Можеби ќе ве интересира

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци