03 Мај, 2024
0.0263

БРАНКО АЗЕСКИ ИЗБРАН ЗА ЧЛЕН НА МЕЃУНАРОДНИОТ СОВЕТОДАВЕН ОДБОР НА ЕКОНОМСКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО ЉУБЉАНА

Објавено во: Економија 05 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, беше промовиран како член на Меѓународниот советодавен одбор на Економскиот факултет во Љубљана, на пригодна свеченост која се одржа по повод основањето на Алумни -  клубот на Економскиот факултет од Љубљана во Македонија, во присуство на деканот на Економскиот факултет од Љубљана, проф. д-р Метка Текавчиќ, амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, проф. Милан Јазбец, претседателот на Алумни - клубот на Економскиот факултет од Љубљана, Јанез Шкрабец, како и десетици поранешни македонски студенти.

Претседателот Азески посочи дека присутноста на Економскиот факултет од Љубљана во Скопје ја збогати палетата на високообразовни институции, приближувајќи ги најновите практики и трендови до македонските студенти, креирајќи уникатна можност да се стекнат со европски признато образование во својата земја. Веќе 11 генерации магистри од регионалниот центар во Скопје при Економскиот факултет од Љубљана успешно се интегрираа во многубројни познати компании, а голем дел од нив веќе се дел од раководните структури на истите. Тој ја поздрави иницијативата за основање на Алумни - клубот кој на едно место ќе ги обедини сите поранешни студенти на едно место, каде тие би се вмрежиле, би разменувале искуства и идеи, креирајќи силна врска помеѓу Факултетот и бизнис секторот, од која корист би имале и стопанството и идните студенти.

Азески посочи дека Словенија во Република Македонија е присутна во повеќе важни сфери, правејќи ја еден од главните чинители кои поттикнуваат развој на македонското стопанство, особено потенцирајќи го преносот на знаење и вложувањето во образованието и науката, кои се едни од клучните алки на долг рок да се креира адекватен образовен профил, кој со своите знаења и вештини ќе знае да одговори на пазарните потреби и ќе биде во можност да креира дополнителна вредност. Воедно, тој наведе дека само преку креирање на општество базирано на знаење ќе се придонесе за континуиран раст и развој – колку ќе вложиме, толку ќе ни се врати.

Втората деценија од традиционално добрите економски односи помеѓу Република Македонија и Република Словенија донесе интензивирање на соработката, а со тоа и поголема присутност на словенечките компании на македонскиот пазар и обратно, но се` уште постои простор на унапредување на таа соработка.

Азески ја изрази поддршката на понатамошната работа на Факултетот, и на идните заложби за зголемување на економската соработка помеѓу двете пријателски земји, за коишто активно ќе придонесува како член на Меѓународниот советодавен одбор на Економскиот факултет од Љубљана.

Можеби ќе ве интересира

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски