Братот на Али Ахмети вели дека не ширел омраза, туку дека цитирал автор
Објавено во: Македонија 16 Август, 2020
Братот на Али Ахмети, Фекри Ахмети, демантира дека целта со објавеното видео му била да шири омраза на национална омраза откако ги повикуваше „Албанците од Македонија да се свртат кон Албанија“ и велеше дека „не сме исто племе.
Сега на социјалните мрежи се оправдува дека го цитирал албанскиот автор Асдрен. Стинувало збор за дел од поема, а Ахмети тврди дека станува збор за мошне познат автор.
„Погрешно е да се верува во сè што ќе објавуваат порталите, без да се прави соодветно истражување. Ова во никој случај не е „порака полна со омраза“, таа песна што ја рецитирав е од големиот албански автор Асдрен. Ако уметноста и поезијата се погрешни, и ако луѓето не се слободни слободно да се изразат, тогаш без сомнение се враќаме назад“, напишал Фекри.