20 Декември, 2025
0.0458

БРАТОТ НА ПРЕРАНО ПОЧИНАТИОТ РАКОМЕТАР - Денис умре од срцев удар, тоа е единствената вистина

Објавено во: Македонија 09 Април, 2022 10:26

Добивај вести на Viber

Хрватскиот ракометар Денис Тот почина на 28-годишна возраст поради последици од срцева слабост. Од Македонија дојдоа разни информации за причината за смртта, а на социјалните мрежи коментираше Борис Тот, братот на Денис. 

„Им благодарам многу на господата новинари за нивната 'професионална' работа.

Може само да се срамите од ширење дезинформации во јавноста и ширење лаги за собирање кликови. Денис починал од срцев удар, не од никакви телесни повреди, тепачки и сите други глупости за кои се пишуваше во текот на целиот вчерашен ден. Срамота е да се гради публицитет на туѓа несреќа“, објави Борис Тот.

За потсетување, директорката на скопската болница, Маја Мојсова, ги демантираше наводите за насилна смрт, а Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија потврди дека Тот бил донесен во болница во критична состојба поради срцев удар, пишува Индекс.хр.

Инаку, Денис Тот е роден во Ѓаково, од каде што е Домагој Дувњак, кој му беше пример, а првите сериозни ракометни чекори ги направи во Бјеловар. Потоа настапуваше за Пореч, а во еден момент беше и член на поранешниот шпански шампион Адемар Леон.

Пред Македонија, тој играл и во Австрија, а никогаш не играл за хрватската репрезентација, иако, според оние што играле со него, бил исклучително талентиран. Македонските медиуми објавија дека поради трагичниот настан натпреварите меѓу шампионите Вардар 1961 и Бутел Скопје најверојатно ќе бидат одложени за друг термин.

Извор и фото: Индекс.хр

Можеби ќе ве интересира

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти