19 Мај, 2024
0.0271

Брисел: Македонија да го подобри управувањето со јавните финансии!

Објавено во: Економија 15 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

На 12 мај 2015 г. во  Брисел се одржа Економскиот и финансискиот дијалог помеѓу Европската унија и Западен Балкан и Турција, како дел од Советот за економски и финансиски прашања. Како резултат на Дијалогот се усвоија заеднички заклучоци . Резиме на клучните препораки од Советот за ЕФП за Македонија Во поглед на ваквата проценка, во однос на Дел I од ПЕР, учесниците со ова бараат од Република Македонија да:
  1. Го подобри управувањето на јавните финансии со тоа што строго ќе се држи до среднорочните фискални цели за 2015-2017 наведени во ПЕР, како и однапред да распредели средства за консолидација за во 2017г. да ја исполни целта на буџетски дефицит од 2,9% од БДП. Да користи дополнителен фискален простор за мерките за консолидација, за да го заштити капиталното трошење во поглед на зајакнат раст во случај на неочекуван буџетски притисок. Строго да го контролира развојот на трансферни исплати, пензии и плати во јавниот сектор. Да воведе среднорочна расходна рамка. Навремено и редовно да информира за големината државната администрација и платниот список.
  2. Да го подобри составот на трошењето, преку приоритетни инвестициски проекти според нивниот продуктивен потенцијал и да биде потранспарентна за кост-бенефит анализите во поглед на буџетските расходните ставки за трансфери и инвестиции. Да овозможува понавремени и детални податоци за планираниот и остварениот капитален расход.
  3. Да ја подобри фискалната транспарентност со воведување посеопфатни податоци за долгот на јавни компании и непланирани обврски во владината стратегија за управување со долг и да информира за заостанати долгови. Да го забрза преминот кон известување во согласност со ЕСА 2010 (Европски систем на сметки) и да продолжи со фискални известувања. Да предложи со строга контрола на гарантираните и негарантираните заеми од страна на државните претпријатија и општините.
  4. Да ги подобри можностите за вработување на работниците со подобро усогласување на вештините со барањата и потребите на пазарот на трудот, особено преку развој на образовниот систем. Да ги зајакне проценките за успех на активните мерки на пазарот на труд во поглед на подобро целење кон развој на способностите, како и навремено да информира за ваквата методологија и резултати.
  5. Да ги зајакне напорите за создавање врски на добавување помеѓу странските и домашните компании во поглед на зајакнување на продуктивноста и вработувањата во домашната економија.
  6. Да ги зајакне напорите кон олеснување на отстранувањето на нефункционалните заеми од страна на банките, со вклучување на сите чинители и според потребите и на централната банка, во поглед на отстранување на потенцијалните пречки кон кредитно проширување во контекст на постојано зголемување на кредитната побарувачка.
Во однос на Дел II од ПЕР, учесниците бараат од Република Македонија да:
  1. Ја ревидира транспортната стратегија со цел да ја усогласи со регионалната агенда за поврзаност, со посебен фокус врз клучните инвестициски проекти (клучна мрежа) и да воспостави веродостојни механизми за планирање и финансирање. За поставување приоритетни инвестиции ќе помогнат низи во поединечни сектори.
  2. Да ја подобри деловната средина со спроведување Главен план за конкурентност и сродни владини акциски планови. Тие треба да содржат мерки што ќе влијаат врз конкурентноста, како што е попредвидлива правна и регулативна средина, спроведување договори, почитување на правата за интелектуална сопственост, платежна дисциплина, трудово законодавство, квалитет и интегритет на инспекциските служби, итн. Да обезбеди редовен и структуриран дијалог со социјалните партнери во однос на спроведувањето и ревизијата на Главниот план. Да ги зајакне напорите за борба против корупција и неформалности во економијата.
  3. Да го подобри пристапот до финансии за МСП и да ги забрза постапките за стечај. Да продолжи со спроведување на иновациската стратегија и да ја забрза употребата на инструменти предвидени со Фондот за иновации.
Резиме на заедничките заклучоци Претставници на земјите членки на ЕУ, Западен Балкан и Турција, Комисијата и Европската централна банка, како и претставници на централните банки од Западен Балкан и Турција остварија средба на годишниот дијалог за економски политики. Учесниците го поздравија поднесувањето на Програмите за економски реформи (ПЕР) на Западен Балкан и Турција за 2015 г. За Западен Балкан, програмите содржат два различни дела: Дел I дава преглед на среднорочната макроекономска и фискална рамка, како и конкретни макро-структурни реформи за поддршка на политичката рамка и оттаму претставуваат зајакната верзија на претходните Претпристапни економски програми што земјите кандидатки ги имаа поднесено. Дел II, како нов елемент, покрива структурни реформи од секторска природа (како транспорт, енергетика, образование, итн.) за зајакнување на конкурентноста и долгорочниот раст. Од Турција се побара да го поднесе само Дел I. Програмите покриваат период од 2015-2017.

Можеби ќе ве интересира

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Сопственикот и главниот оперативен тим одушевени од развојот на Костал во Охрид, компанијата почнува сериско производство на технолошки најнапредна електроника за Фолксваген

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

Советничката Милица Арнаудова - Стојановска: Мерките на Народната банка го поттикнуваат „зеленото“ кредитирање

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

ВАЛУТИ: Вредноста на доларот ослабе, а еврото зајакна

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?