19 Мај, 2024
0.0274

Британската престолнина може да го има првиот градоначалник муслиман

Објавено во: Свет 05 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Денес лондончани избираат нов градоначалник и општински совет. Резултати се очекуваат во петокот вечерта.

Во трката за градоначалник се вклучија 25 кандидати, а засега фаворити се двајца.

Тоа се лабуристот Садик Кан и Зак Голдсмит од Конзервативната партија.

Поранешниот градоначалник на Лондон - Борис Џонсон, кој управува со градот во период од осум години, одлучи да не се кандидира повторно.

Садик Кан е син на пакистански имигранти и правник. Тој бил дел од кабинетот на поранешниот премиер Гордон Браун и е првиот муслиман кој станал дел од владата.

Зак Голдсмит е син на милијардерот Сер Џејмс Голдсмит, а десет години тој бил уредник на списанието „The Ecologist“. Тој е познат по својата активна позиција во заштита на животната средина.

Последните анкети му даваат предност на Садик Кан, кој има големи шанси да стане првиот градоначалник муслиман на британската престолнина.

Вчера британскиот премиер Дејвид Камерон ги повика од својот профил на Фејсбук лондончаните да гласаат за кандидатот на Конзервативците Зак Голдсмит, за да си обезбедат подобра и посветла иднина во следните четири години.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата

ВОЈНА ВО УКРАИНА: Идните недели се клучни

ВОЈНА ВО УКРАИНА: Идните недели се клучни

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА: Погодени се Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА: Погодени се Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)