Британски авиокомпании ќе го земаат багажот од дома, патниците само ќе се чекираат на аеродромите
Објавено во: Свет 21 Јули, 2017
Процедурите во авио-индустријата наскоро би можеле да се променат и да станат многу попрактични. Имено, авио-компаниите во Британија сакаат да воведат систем по кој багажот ќе се зема од вашата куќа како би се забрзал процесот.
Британската влада разгледува растеретување на аеродромите од патници кои се чекираат со багажот на местото на влез во авионот и дека нивниот багаж ќе се собере уште додека се дома, а тие сами да дојдат на аеродромот и не размислуваат за тоа.
Овие мерки инаку веќе се користат во Хонг Конг и Јапонија, каде се намалени гужвите на аеродроми и го олесниле патувањето на патниците.
Исто така, ова е многу корисно во време на терористички закани бидејќи на работниците од обезбедувањето на аеродромот ќе им се олесни работата, но и ќе им се прижи шанса подетално да го истражат багажот кој стигнува на аеродромите.