18 Мај, 2024
0.0307

Брнс: ВМРО-ДПМНЕ да не ги заведува граѓаните за значењето на Преспанскиот договор

Објавено во: Македонија 31 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Американската амбасадорка Кејт Мери Брнс очекува Северна Македонија во најкус можен рок да го добие своето столче во НАТО, а се надева дека е можно уште во март да добие позитивен сигнал и од ЕУ. Во интервју за ТВ Сител, кое го пренесува и 360 Степени, таа вели:

„Процесот на ратификација сега се ближи кон крајот и многу скоро македонското знаме ќе биде кренато во седиштето на НАТО. Во однос на ЕУ, длабоко бевме разочарани од недобивањето датум во октомври, но сега сме охрабрени, бидејќи од тоа што го видовме изминатите недели има повеќе позитивни изјави од лидерите на ЕУ и од престолнините на ЕУ за значаењето на Северна Македонија, за перспективите за нејзина интеграција, за можностите да отвори преговори со ЕУ и се надеваме дека следните недели и месеци, дури и до март, ќе има многу позитивен сигнал за Северна Македонија, а наскоро и покана за ЕУ преговори“, нагласува Брнс.

Таа смета дека клучен придонес за остварување на стратегиските цели дал Преспанскиот договор. Најавите за негова ревизија од страна на ВМРО-ДПМНЕ, според неа, предизвикуваат вистинска загриженост и граѓаните не треба да бидат збунети или заведени за тоа колкав е влогот во тој процес

„Важно е да не се заборави дека добрососедските односи се предуслов за интеграција и членство во ЕУ и во НАТО. Ние знаеме дека Преспа беше компромис, имаше тешки преговори кои подразбираа отстапки од двете страни. Но, она што Преспа го направи е што конечно го откочи патот за Северна Македонија да стане НАТО-сојузник и да го продолжи патот кон ЕУ. Но, уште поважно, и помогна на Северна Македонија да се придвижи напред од позиција на стагнација каде не можеше да се развива политички, економски со иста брзина како многу од своите соседи, во смисла на ЕУ-интеграцијата. Затоа мислам дека е многу важно да се има на ум дека не само што ЕУ го препознава значењето на одржувањето добри односи со соседите како дел од изгледите на Северна Македонија за ЕУ, туку навистина се работи за иднината на оваа земја, за тоа дали лидерите ќе можат да обезбедат таков економски раст и можности, работни места, трговија, странски инвестиции, какви што би сакале да се реализираат. Многу е важно да не се загрозува оваа извонредна трансформација која се случува. Дури и магазинот ,Економист’ на крајот на годината ја издвои Северна Македонија како најтрансформирана земја во 2019 година, главно поради решавањето на отворените прашања со соседите. Да се заштити таа трансформација, да се продолжи движење напред и да не се загрозат сите овие достигнувања со гледање наназад е нешто што се надеваме дека луѓето ќе го сфатат многу сериозно“, нагласи амбасадорката.

Можеби ќе ве интересира

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

Град Скопје обвинува дека „Дизниленд Реквизити“ незаконско и насилно монтира панорамско тркало: Кој се крие зад чаирската фирма?

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?