Брод за мониторинг плови по Преспанското езеро
Објавено во: Мои пари 24 Јули, 2013
Со брод за мониторинг, ќе се испитува екосистемот на Преспанското Езеро. Денеска од селото Стење исплови бродот кој е дел од проектот за заштита на Езерото финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка.
Како што истакна министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми, ставањето во функција на бродот е претставува важна пресвртница во идното управување со водите на ова Езеро. Тој посочи дека на овој начин надлежните институции, ќе можат редовно да ја следат состојбата со Езерото и ќе алармираат кога има проблем.
„Ова е еден од првите и најголеми чекори кон воведување на интегрален, континуиран мониторинг на езерските води“, истакна Адеми.
Тој најави дека идниот месец ќе се отвори станицата за мониторинг на Преспанското Езеро во Стење и најсовремена лабораторијасо цел зачувувањето на природните вредности на нашата држава.
Амбасадорот на Швајцарија Стефано Лазарото нагласи дека преку проектот за заштита на Преспанското Езеро, чија вредност е 6,3 милиони швајцарски франци ќе се подобри квалитетот на водата во Езерото.Целта на бродот е да го следи квалитетот и напредокот во квалитетот на водата во Езерото.